„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Алијанса за Албанците и Алтернатива: Пратеникот на ДУИ, најголем корисник на тендери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Pucko-Petrol-Poster

Поврзаноста на политиката со олигарсите треба да биде многу јасна, пратеникот на ДУИ чиј син е сопственик на компанијата Пуцко петрол од јануари 2020 година преку тендери за набавка на нафта и гориво има добиено над 31 милиони евра, од различни институции како од централната власт така и од локалната, меѓу кои, над 2 милиони евра само од општините управувани од Демократската унија за интеграција, истанаа на прес конференција од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

— реклама —

Во продолжение на прес конференцијата додадоа:

На пример, само во општина Тетово Пуцко Петрол добил над 22 милиони денари, додека во општина Чаир над 15 милиони денари.

— реклама —

Овие информации лесно се проверуваат на веб-страната на Бирото за јавни набавки, а денес пред вас носиме копии од договорите на оваа компанија со сите институции.

Јавно ги прашуваме лидерите на овие институции и пратеникот Јахоски која е „магијата“ што ја користат за да се победи на скоро секој тендер за набавка на нафта и гориво?

Добивањето на сите овие тендери од страна на Исмаил Јахоски како во централната така и во локалните институции уште еднаш ги потврдува длабоките сомнежи за изборниот резултат од 15 јули, особено во петтата изборна зона преку купување гласови, затоа не случајно Република Северна Македонија се смета држава со хибриден режим и рекордно ниво на корупција, сега не само од страна на опозицијата, туку и од страна на Транспаренси Интернешнл и Економист.

Затоа јавно се обраќаме до Државната комисија за борба против корупцијата, како и обвинителството за да сериозно се занимаваат со овој случај за да објаснат на јавноста како е можно една компанија поврзана со пратеник на една политичка партија, во овој случај ДУИ, да освои толку многу тендери.

фото:  Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања