„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Алијанса за Албанците: И по три години, главната цел на Договорот од Преспа сè уште не е постигнат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-dimitrov-cipras-kozijas

Алијанса за Албанците изразува жалење што дури и по три години, главната цел на Договорот од Преспа сè уште не е постигнат, додека не се чувствува ниту духот на овој документ. Нашата земја е сè уште далеку од отворање разговори со ЕУ, иако за три години, Владата ги излажа граѓаните најмалку три пати, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

Духот на Преспанскиот Договор, исто така, требаше да рефлектира и во односите со сите соседни земји, подобрувањето на комуникацијата, решавањето на споровите, унапредувањето на билатералните и регионалните односи, спроведувањето на заедничките развојни проекти и интеграцијата на регионот во Европската Унија.

— реклама —

Како и во првите денови, со поддршката на Договорот и гласањето на уставните измени, кога нашите гласови беа одлучувачки, Алијанса за Албанците ќе продолжи да придонесува за реализацијата на овој договор. Како опозициска партија, меѓу ретките, докажавме како интересот на земјата и граѓаните се става над партискиот, што за жал не се случи исто од страната на власта. Стагнација на реформи, криминал и корупција, партизација на правдата, етничка и политичка дискриминација, се само дел од дамките што го загрозуваат самиот Договор од Преспа и иднината на земјата, како што се очекуваше пред три години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања