ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Алијанса за Албанците: Изгледа и ДУИ е коорганизатор на 27 април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sela

ДУИ, преку пратеникот Агим Шаќири и претседателот на Собранието Талат Џафери, бранејќи го Трајко Вељановски од излегување пред лицето на правдата, удрија врз законот, ги издадоа своите гласачи, ги издадоа и нашите сојузници од САД и ЕУ кои чекаат воведување и функционирање на правдата, велат од Алијанса за Албанците.

— реклама —

„ДУИ, фатена за опашка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, заложник на криминалот и корупцијата, кои спречија одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски осомничен како главен организатор на крвавите настани од 27 април, говори за сомневање дека и ДУИ е коорганизатор на насилството од 27 април и се чини дека се принудени да ги бранат криминалците од ВМРО?

Талат Џафери, вчера не го спроведе барањето на Судот за  одземање на мандатот на Вељановски, за да истиот биде испитан слободно од страна на Судот, без да се брани под маската на позицијата Пратеник. Талат постапи исто како претседателот Иванов, кој одби да го потпише Законот за јазиците и да го ратификува Договорот од Преспа, иако законот и Уставот на РСМ му го наложуваат тоа.

— реклама —

ДУИ, поради своите хипотеки во криминалот и корупцијата, ја земаат на врат иднината на интеграција на земјата во ЕУ. Ја потсетуваме јавноста дека лидерите на ЕУ, му поставиле два мошне јасни критериуми на Северна Македонија за отворање на преговори, и тоа: Одговорност за 27 април и конечни пресуди за случаите на корупција и скандалот со прислушувањето.

Конечно, време е и СДСМ да го дефинира својот став во врска со дуализмот на ДУИ, која што е на власт со СДСМ а во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која беше нејзината улога во целиот овој процес, во одбрана на законот  и правдината или во одбрана на криминалот на ВМРО и ДУИ?

И сосема на крај,  по која логика обвинетиот Фета Алими треба да лежи во затвор кога сите вистински одговорни лица се амнестираат па дури стануваат недопирливи од законот?

До кога политичката судбина на Албанците ќе биде диктирана од страна на ДУИ, кои ја продадоа довербата на Албанците во служба на нивниот криминал и заштита на криминалците на ВМРО-ДПМНЕ.

Ја преминавте секоја граница, казнувањето на избори е малку за вас, ќе одговарате“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања