Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Алијанса за Албанците: ВЛЕН молчи за интересите на Албанците, а институциите ги користи за семејни вработувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
alijansa-za-albancite

ВЛЕН ги претвори државните институции во бироа за вработување на семејствата и блиските на своите функционери. Во замена за функции и привилегии, неговите претставници молчат за деградацијата на положбата на Албанците, за албанскиот јазик, за правичната застапеност, за Законот за игрите на среќа, за полагањето на правосудниот испит на албански јазик и за блокирањето на процесот на евроинтеграција, велат од Алијанса за Албанците.

— реклама —

„Најнов случај е оној на пратеничката и потпретседателка на ВЛЕН, Мимоза Муса. Нејзиниот татко, Ариф Муса, иако е пензионер, е именуван за член на Надзорниот одбор на Развојната банка на Северна Македонија.

Иронијата е што Ариф Муса, како поранешен член на Државната комисија за спречување на корупцијата, некогаш бараше преиспитување на именувањата и повторно распишување на конкурсите таму каде што беше утврден непотизам.

— реклама —

Денес, истите принципи треба да важат и за него.

— реклама —

Семејното вработување продолжува и со неговиот внук, Нусрет Халити, кој ја извршува функцијата директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Затоа јавно прашуваме дали имало политичко влијание врз овие именувања и дали постапките биле транспарентни и спроведени преку фер и конкурентна процедура.

ВЛЕН не се бореше против непотизмот. Само го чекаше својот ред за да има корист од него“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Да не се повторуваат грешките со запоставувањето на Албанците во историјата на Скопското кале

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците ја поздрави средбата со Бугарија: „Земјата мора да оди напред“

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt4lceldpphr8a5i7xg6

Алијанса за Албанците: Ниту еден Албанец меѓу 13-те најдобри наставници

Македонија | пред 3 седмици

alijansa-za-albancite

Алијанса: 139 деца примени за 48 часа во Тетово, 12 хоспитализирани – „Каде се сега министрите?“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања