Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Алијансата за Албанците бара итно апсење на напаѓачите на работниците на „Комунална хигиена“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 45 минути -

Скопје
media-librarye83c4ul20abd39Bg51P

Алијансата за Албанците бара итно идентификување и апсење на лицата што нападнале двајца работници на ЈП „Комунална хигиена“ во Скопје, ноќта на 28 ноември. Од партијата го осудија инцидентот и изразија сомнеж дека станува збор за насилство мотивирано од етничка омраза.

— реклама —

Според наводите во партиското соопштение, напаѓачите се претставиле како „Комити“, а физички ги нападнале работниците додека ги извршувале работните обврски, откако ги прашале за нивната етничка припадност.

— реклама —

Од Алијансата за Албанците бараат од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерот Астрит Исени целосно да го расветлат случајот и да ја информираат јавноста за преземените мерки.

„Вербалната осуда на насилството не е доволна“, порачуваат од партијата, нагласувајќи дека институциите мора да ја гарантираат безбедноста на сите граѓани и да обезбедат одговорност за сторителите.

— реклама —

Од Алијансата најавуваат дека ќе продолжат да бараат институционална одговорност сè до целосно расчистување на случајот.

— реклама —
media-library11ufd53oia063s1HiUY

Претепани двајца вработени во „Комунална хигиена“ додека чекале автобус во Скопје

Двајца вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје биле физички нападнати од неколку лица на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Двајцата се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдија дека нападот се случил околу полноќ, а бил пријавен попладнево во 16 часот.„На 29.11.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје А.М. (46) од Скопје пријавил дека на бул. ‘Партизански Одреди’ на автобус

Скопје | пред 1 час

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања