Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Претепани двајца вработени во „Комунална хигиена“ додека чекале автобус во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 57 минути -

Скопје
media-library11ufd53oia063s1HiUY

Двајца вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје биле физички нападнати од неколку лица на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Двајцата се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдија дека нападот се случил околу полноќ, а бил пријавен попладнево во 16 часот.

— реклама —

„На 29.11.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје А.М. (46) од Скопје пријавил дека на бул. ‘Партизански Одреди’ на автобуска постојка заедно со неговиот колега Р.С. (30) од Скопје, вработени во ЈП ‘Комунална хигиена’, биле физички нападнати од неколку лица на 29.11.2026 околу 00:00 часот. А.М. и Р.С. се здобиле со телесни повреди констатирани во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.

Според информации објавени на социјалните мрежи, двајцата работници ги завршиле работните задачи, по што земале храна и чекале автобус за да се вратат дома. Во објавата се наведува дека двајцата се во тешка финансиска состојба, а едниот од нив издржува осум деца со една плата.

— реклама —

Во истата објава се тврди дека напаѓачите се претставиле како членови на навивачката група „Комити“.

— реклама —

Од полицијата не соопштуваат ниту дали напаѓачите се идентификувани, дали има приведени лица и кои биле мотивите за нападот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryj9hkmj2bghll5OcOuIK

Заменети околу 200 контејнери, отстранети 880 кубни метри отпад од скопските улици

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-library9ttm9lvlhg9h7RcNnTy

Пристигнаа новите возила за комунална хигиена, најавени и 3.300 контејнери

Скопје | пред 2 месеци

media-library9cvub77u07579Uq8ukF

675 кубни метри отпад отстранети од диви депонии низ Скопје

Скопје | пред 3 месеци

media-librarykqs3urdbnug1dF2vSeQ

Комунална хигиена започна со миење на скопските улици и булевари

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања