Промени тема
Контакт

675 кубни метри отпад отстранети од диви депонии низ Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library9cvub77u07579Uq8ukF

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје минатата недела собрале и транспортирале 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот.

Во истиот период биле отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.

— реклама —

Најголемо количество отпад е расчистено во Општина Чаир, каде што екипите подигнале 130 кубни метри отпад од диви депонии.

Еко-патролата на претпријатието минатата недела изготвила 28 записници за физички и правни лица затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Од нив, 17 биле врачени во Општина Чаир.

— реклама —

Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје потсетуваат дека граѓаните можат бесплатно да го одложат својот кабаст отпад, како стар мебел и електрични и електронски апарати, во Центарот за селекција на отпад во Карпош, секој ден од 07 до 19 часот.

— реклама —

За преземање и транспорт на кабастиот отпад директно од домовите, граѓаните можат да ја нарачаат услугата од понеделник до петок, од 07 до 15 часот, на 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува согласно ценовникот на претпријатието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9ttm9lvlhg9h7RcNnTy

Пристигнаа новите возила за комунална хигиена, најавени и 3.300 контејнери

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarykqs3urdbnug1dF2vSeQ

Комунална хигиена започна со миење на скопските улици и булевари

Скопје | пред 5 месеци

media-librarylmv5hhafuq7a9iCXB3J

Кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје за проневера на јавни средства од над 4,2 милиони денари

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryclv0lbksph8l9tN5528

Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања