Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје за проневера на јавни средства од над 4,2 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Македонија
media-librarylmv5hhafuq7a9iCXB3J

Финансова полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахадин Рустеми за злоупотреба на службена положба, фалсификување исправа и проневера во обид. Се сомничи дека склучувал фиктивни договори и договори без јавна набавка за да обезбеди корист од околу 68.500 евра. Според пријавата, во 2025 склучил пет договори со физички лица (вкл. два фиктивни за „совети“ и три за сметководство), а потоа преку нов договор ангажирал камион и исплатил 604.461 денари. Рустеми е во притвор од октомври и за предмет поврзан со отпад и мали депонии во Скопје.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Финансова полиција поднесе кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахадин Рустеми, против кого има основано сомнение за сторени повеќе кривични дела и тоа „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување исправа“ и „проневера во службата“ – во обид, склучувајќи договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми, а со намера да овозможи корист на договорните физички лица во вкупен износ од 68.500 евра.

— реклама —

Управата за финансиска полиција преку соопштение информира дека до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против С.Р. во својство на поранешен в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 ст.4  и ст.3 вв ст.1 од КЗ на РСМ,  „Фалсификување исправа“ од член 378, ст.1 од КЗ на РСМ и кривично дело „Проневера во службата“ – во обид од член 354 ст.2 в.в ст.1 в.в. член 19 од КЗ на РСМ.

– Пријавениот С.Р. во својство на в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје, со намера да ги исцрпи сите предвидени финансиски средства од склучениот Договор за интелектуални услуги со правниот субјект ВЕДА ДООЕЛ Скопје, во текот на 2025 година, два дена пред истекот на важноста на договорот, како и ден пред неговото завршување, во име и за сметка на претпријатието склучил пет договори со физички лица, во вкупен износ од 3.608.708 денари, од кои два фиктивни договора со висока нереална вредност од по 775.000 денари за интелектуални услуги – давање совети, имплементирање нови техники за заштита на животната средина во вкупна вредност од 1.550.000 денари, со лица кои биле негови лични познаници и за кои бил свесен дека немаат никаква експертиза во областа на заштита на животната средина. И покрај тоа што бил свесен дека услугите не се извршени, нема да бидат извршени, ниту постои објективна можност да бидат извршени во времетраење на договорот со авторската агенција, склучил три договори со физички лица во вредност од по 686.236 денари за сметководствени услуги и изготвување годишна сметка во вкупна вредност од 2.058.708 денари, иако бил свесен дека едно од лицата немало никаква експертиза во вршење сметководствени услуги и не е регистрирано како овластен сметководител во Регистарот на овластени сметководители – стои во соопштението од Финансова полиција.

— реклама —

По престанокот на важноста на договорот за интелектуални услуги со правното лице ВЕДА ДООЕЛ Скопје, односно откако пријавениот бил одвратен од намерата да го доврши кривичното дело „Проневера во службата“ од член 354 ст.2 в.в ст.1 од КЗ на РСМ и да ги исплати средствата, поради навремено откривање на делото од страна на Управата за финансиска полиција, спровел нова постапка и склучил нов договор со правниот субјект ЕСИ СОЛУШН ДООЕЛ Скопје за интелектуални услуги, преку кој склучил договор со трето лице и ангажирал возило (камион) за собирање смет, потпишал патни налози и исплатил 604.461 денари спрема авторската агенција.

Според овие дејствија, Финансова полиција смета дека постои основано сомнение дека пријавениот постапил спротивно на член 40 и член 41 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ бр.24/19 и бр.87/21) и спротивно на утврдените начела на јавните набавки и тоа: начело на економичност, ефикасност и ефективност на користењето јавни средства, начело на конкуренција помеѓу економските оператори, начело на транспарентност, начело на еднаков третман и недискриминација на економските оператори и начело на сразмерност, предвидени во членовите 4-8 во ЗЈН, односно склучил фиктивни договори и договори без да биде спроведена јавна набавка, на кој начин ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“,  „Фалсификување исправа“ и „Проневера во службата“– во обид, а со намера да овозможи корист на договорните физички лица во вкупен износ од 4.213.169 денари.

Рустеми од октомври минатата година се наоѓа во притвор, откако против него и уште едно лице беше отворен кривичен предмет, поради основано сомнение за сторено дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryclv0lbksph8l9tN5528

Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота

Скопје | пред 2 седмици

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

(Видео) Над 1,5 милиони евра месечно губи Комунална хигиена поради девијантни појави од минатото, вели Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 месец

media-library394rmk2fr4fr8OmWH9V

При крајот на оваа пролет ќе се набавуваат камионите за Комунална хигиена-Скопје, а ќе стигаат до крајот на годинава

Скопје | пред 1 месец

media-librarya9p2vij21ilueHjaCnz

ЈП Комунална хигиена интензивно го расчистува снегот и мразот низ сите скопски општини

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања