Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Алијансата за Албанците со осуда за глорификацијата на Младиќ: „Геноцидот не се заборава“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhas25pg938mi84AC6uh
YouTube

Алијансата за Албанците остро го осуди, како што наведува, секој обид за глорификација на Ратко Младиќ, кој е осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

— реклама —

Од партијата потсетуваат на жртвите во Сребреница и Сараево и велат дека за злосторствата постојат правосилни судски пресуди, поради што, според нив, нема простор за „митови, романтизирање и истории прекроени според желбите на националистите“.

— реклама —

„Тој што велича воен злосторник ги навредува жртвите, нивните семејства и самото човештво. Глорификацијата на човек осуден за геноцид е морален, човечки и политички срам“, се наведува во реакцијата.

Алијансата за Албанците изразува загриженост и поради, како што наведува, објави на социјалните мрежи во кои и македонски граѓани изразуваат восхит или благодарност кон Младиќ. Од партијата оценуваат дека тоа е „алармантен знак“ и повикуваат на спротивставување на национализмот.

— реклама —

Во реакцијата се наведува и дека Македонија се стреми кон членство во Европската Унија, поради што, според Алијансата за Албанците, во јавниот живот и институциите нема место за глорификација на лица осудени за геноцид и воени злосторства.

„Жртвите заслужуваат почит. Геноцидот не се релативизира. Воените злосторници не се величаат“, порача партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

alijansa-za-albancite

Алијансата за Албанците со критики до Владата: Не ја жртвувајте иднината на граѓаните за партиски интереси

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања