Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Алијансата за Албанците: ВЛЕН да не ја обвинува албанската опозиција, вината е кај ВМРО, ЗНАМ и српската партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
mickoski-taravari-1

Алијансата за Албанците, крилото предводено од Арбен Таравари, остро реагираше на ставовите на ВЛЕН, нагласувајќи дека вината за политичките состојби не треба да се бара кај албанската опозиција, туку кај нивните владини партнери – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ.

„Злото на ВЛЕН не е албанската опозиција и Алијансата за Албанците, туку нивните владини партнери. Со своите антиалбански политики, тие секојдневно го користат и деградираат ВЛЕН, прикажувајќи го во лошо светло пред Албанците,“ порачуваат од Алијансата.

— реклама —

Од партијата предупредуваат дека дискриминацијата врз Албанците се случува отворено, пред очите на функционерите на ВЛЕН, и дека одговорноста за тоа не може да се префрлува врз опозицијата. „Злото има име – ВМРО-ДПМНЕ и нивните партнери. Вината треба да ја бараат таму, како и кај своите функционери кои ги легитимираат реваншистичките политики против Албанците од нивниот тутор Христијан Мицкоски,“ наведуваат.

— реклама —

Алијансата порача дека ВЛЕН треба да се повлече од „екстремната влада против Албанците“ и да се врати кон народот, порачувајќи дека во спротивно ќе сноси одговорност за сите штети. „Никој нема да ги амнестира ако продолжат да бидат дел од оваа влада која секојдневно го демонтира Охридскиот договор и ги понижува Албанците,“ се вели во реакцијата.

— реклама —

Од таму додадоа дека граѓаните очекуваат визија и одговорност, а не оправдувања за опстанок на власт. „Октомври е блиску и алармот за политичката иднина на ВЛЕН е реален,“ предупредија од Алијансата за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

TARAVARI

Таравари бара промена на натписот на спомен-плочата во касарната „Илинден“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Не можам да бидам кукла во една влада

Македонија | пред 1 месец

media-libraryemfhs4k6mr4m2wASFPs

Таравари поднесе тужба за клевета против Меџити

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Ни треба нов договор за односите меѓу Македонците и Албанците во земјата, фискална конфедерација или федерација

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања