„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Алиу: Огромен дел од учениците - 86,9% отсто ја поддржуваат мерката за забрана на пушење во затворени простории, законот го носиме како закон за новите генерации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryaifiiuirnv9ndMy92Vr

Истражувањето покажува дека 13,6% од учениците (13–15 г.) користат тутун – највисока досега преваленца. Загрижувачки е и пасивното пушење: 57% се изложени дома, а 55,4% во затворени јавни простори. Министерот Алиу најави предлог-закон „за новите генерации“ со цел денормализација на пушењето: целосна заштита од пасивно пушење, забрана на ароми, ограничување маркетинг/изложување и построга контрола на продажба на малолетници. 86,9% од младите поддржуваат забрана за пушење во затворени јавни простори. СЗО нагласи здравствени и економски придобивки од ваков закон.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа прес-конференција, заедно со директорката на Институт за јавно здравје,  д-р Марија Андоновска и д-р Аким Али, претставник на Светска здравствена организација и шеф на канцеларијата на СЗО во земјава, по повод презентирање на резултатите од глобалното истражување за употреба на тутун кај младите.

— реклама —

Податоците од истражувањето покажуваат дека 13,6% од учениците на возраст од 13 до 15 години моментално користат некаков тутунски производ, и тоа е највисока преваленца досега регистрирана. Дополнително загрижувачки се податоците дека дури 57% од младите биле изложени на тутунски чад во домот, додека 55,4% биле изложени на чад во затворени јавни простори.

— реклама —

- Тоа што е индикативно за нас како креатори на здравствените политики е дека огромен дел од испитаните ученици ја поддржуваат мерката за забрана за пушење во затворени јавни простори. Вкупно 86,9% од испитаниците ја поддржуваат оваа мерка. Токму затоа, новиот предлог-закон за заштита од пушењето го носиме како закон за новите генерации, со  порака упатена до младите дека државата конечно застанува на нивна страна. Суштинската цел е денормализација на пушењето, а тоа ќе го постигнеме преку четирите столба на законот, а тоа се: целосна заштита од пасивно пушење, намалување на привлечноста, односно забрана на продажба на производи што содржат карактеристични ароми кои создаваат препознатлив вкус или сензорен ефект различен од природниот тутунски профил, како и ограничување на маркетингот и изложувањето и ограничување на достапноста и засилена контрола на продажбата на малолетници, истакна министерот Алиу во обраќањето.

Тој додаде дека Министерството за здравство заедно со Институтот за јавно здравје, Светската здравствена организација и сите надлежни институции продолжува одлучно да развива системски капацитети за контрола на тутунот и заштита на здравјето на сите граѓани, а особено на младите.

Директорката на Институт за јавно здравје, д-р Марија Андоновска посочи дека резултатите од последното истражување покажуваат три важни работи. Прво - употребата на никотинот кај младите останува значаен јавноздравствен предизвик. Второ - новите никотински производи земаат се поголем замав и ја менуваат сликата на зависноста кај адолесцентите и како трето - изложеноста на чад преку пасивно пушење, влијанието на маркетингот и достапноста на производите за малолетни лица се уште претставуваат сериозен системски предизвик.

-Податоците покажуваат и нешто друго-постои силна поддршка кај младите за заштитни мерки и јасен потенцијал за успешни политики. Тоа ни дава основа за делување. Како ИЈЗ наша задача е да обезбедиме научно засновани докази. Тие докази денес се ставени на располагање на институциите, носителите на одлуки и јавноста. Одлуките што ќе следат не се само административни, тие се одлуки за здравјето и иднината на оваа генерација, посочи д-р Андоновска.

Д-р Аким Али, претставник на Светска здравствена организација и шеф на канцеларијата на СЗО во земјава истакна дека од искуството од други земји знаеме дека законот за заштита од пушење е особено важен за заштита на децата, бремените жени, постарите лица, како и за работниците и за сите граѓани во земјава.

-Кога се воведува ваков закон, се намалува бројот на приеми во болница, бројот на мозочни удари и смрт од кардиоваскуларни болести. Но, исто така, креира простор во услужната индустрија за поголем промет, затоа што повеќе луѓе доаѓаат заради просторите без тутун и пушачите во многу други земји го поздравуваат донесувањето ваков закон, истакна д-р Али, потенцирајќи дека е време да ги заштитиме нашите деца, да ја заштитиме нашата иднина, и ни една просторија не е приватна каде што вработените и децата се изложени на дим од цигари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Државата со забраната за пушење во јавност ќе им помага на пушачите да се откажат од цигарите, вели министерот за здравство

Македонија | пред 1 месец

media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx

Алиу: Пушењето ќе се регулира и на отворено таму каде што граѓаните се директно изложени

Македонија | пред 1 месец

media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска до Алиу: Лекот за хемофилија доцни повеќе од шест месеци - кој ќе ја сноси одговорноста за нарушеното здравје на овие лица?

Македонија | пред 1 месец

media-library0mri9njlb756b15oNl2

Заменик-министерот за образование, Алиу, си поднесе оставка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања