Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Алиу: Успешно реализирани трансплантации на рожница, нашите пациенти добиваат врвна здравствена услуга по светски стандарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Министерот за здравство Азир Алиу ја посети Клиниката за очни болести по повод 16 успешно изведени трансплантации на рожница со експерти од САД, како втора фаза од партнерството и трансфер на знаење. Кај 6 пациенти првпат во земјава се применети минимално инвазивни техники со трансплантација на дел од рожницата со микронска прецизност, без шевови. Алиу апелираше за органодарителство и најави законски измени за граѓаните да се изјаснат за донорство, со цел волјата да се почитува и системот да е доверлив.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка.

— реклама —

-Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова партнерство. Со оваа втора фаза, не само што продолжуваме со зголемен обем на интервенции, туку и дополнително ги зајакнуваме капацитетите на домашните тимови, преку трансфер на знаење и примена на најсовремени, минимално инвазивни техники. Особено значајно е што кај 6 пациенти беа применети современи минимално-инванзивни техники, при кои се трансплантира само дел од рожницата со микронска прецизност и без примена на шевови. Овие процедури се реализираат првпат во офталмологијата во нашата земја, истакна министерот Алиу.

— реклама —

Тој посочи дека пациентите добиваат врвна здравствена услуга по светски стандарди во нашата држава, што претставува показател дека инвестицијата во знаење и меѓународна соработка носи директна корист за граѓаните.

— реклама —

-Во оваа прилика сакам да упатам апел до сите граѓани - органодарителството е чин на хуманост кој спасува животи. Без донори, нема трансплантации. Токму затоа, работиме и на законски измени со кои ќе овозможиме секој граѓанин, додека е жив, да може да се изјасни дали сака да биде донор. Нашата цел е таа волја да биде примарна и целосно почитувана, а системот да биде транспарентен и доверлив, додаде Алиу.

Воедно, тој ги поздрави напорите и ангажманот на одговорните лица за трансплантација, националната координаторка проф. д-р Билјана Кузмановска и нејзината заменичка, д-р Гавриловска, кои заедно со директорката на Клиниката за очни болести, д-р Наташа Шекеринов и експертите од Duke универзитетот од Америка, проф. д-р Вилијамс Лојд и д-р Шина Сонг, со нашите домашни тимови од Клиниката за очни болести воспоставија успешна соработка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања