На падините на планината Скопска Црна Гора на 20 километри од центарот на градот се наоѓа викенд населбата Побожје. Луксузна хациенда тука ќе гради семејството на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при релизација на програмите за работа на Владата. Инвеститори на супер-комотната куќа се неговите две малолетни деца. Вака изгледа просторот на „Гугл Мапс“. Но, во Побожје сосема друга состојба. Плацот е веќе израмнет како тепсија и тоа на површина од неколку илјади квадрати. На терен има и два багера, објави Алсат.мк.
Според Алсат на овој простор треба на куќа од над осумстотини метри квадратни нето површина. Големиот градежен зафат во кој имавме увид предвидува објект за домување, базен, теретана, соба за билјард и разни други погодности.
Текстот во целост на:Алсат.мк.