„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

АлтернАтивА: „Еколошката такса“ на Владата е другото име на грабежот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dri

Следејќи ги последните случувања во земјата, АлтернАтивА ја изразува својата длабока загриженост за преземените дејствија од Владата на Заев, кои постојано ја влошуваат и онака лошата финансиска состојба на граѓаните. Таква е и најавената одлука на Владата за таканаречената „зелена“ такса, која Владата се обидува да ја прошверцува во Собранието со измената на Законот за животната средина, ставајќи му на овој Предлог закон европско знаме, а со тоа воведувајќи му на граѓанинот такса од 3,5 денари за секој откупен литар на нафтени деривати, истакнаа на денешната прес конференција од Алтернатива.

— реклама —

Во продолжение на истата додадоја:

— реклама —

Тука мора да ги потсетиме граѓаните и јавноста дека од моментот кога Заев стана премиер, по изборите на 26 декември 2016 година, цените на нафтените деривати се овие: Еуросупер 95 – тогаш 67 денари – сега 71 денари; Еуросупер 98 – тогаш 69 денари – сега 73 денари; Еуродизел – тогаш 53 денари – сега 63 денари; екстра лесното масло за домаќинство – тогаш 42 денари – сега 62,5 денари; мазут - тогаш 28,8 денари / кг - сега 37,1 денари / кг). Ова значи дека, во текот на овие години на неговото владеење, цената на бензинот се зголеми за 4 денари, на дизелот за 10 денари, екстра лесното масло поскапил за 20,5 денари и мазутот за 8,3 денари. Овие зголемувања на цената на нафтените деривати не се должат на промените на берзата на светскиот пазар, туку се должат на зголемувањето на акцизата што оваа Влада го направи двапати во текот на овие години на власт. Она што вреди да се истакне и што загрижува е зголемувањето на цената на дизелот за 10 денари, бидејќи тоа влијае на поголемиот дел од населението, која поради финансиската состојба и пониските трошоци користат возила на дизел.

И кога на овие веќе надуени цени ќе ја додадеме и „еколошката такса“ од 3,5 денари, ова станува неподнослив товар за граѓаните и економијата на земјата. Ова се докажува и со едноставна пресметка: ако во 2017 година резервоар од 60 литри по цена од 53 денари за литар чинеше 3,180 денари, по наметнувањето на зелената такса ќе чини 3,990 денари, односно 810 денари повеќе.

Во овој случај, мора да нагласиме дека од таквата такса се очекува краткорочно зголемување на вкупните цени за 0,3%, додека на долгорочен план зголемувањето ќе биде до 0,9%, ова според домашните финансиски експерти.

Сето ова нè принудува да ù се обратиме на Владата со прашањето зошто секогаш кога ù требаат пари, гаѓа по џебот на граѓанинот? Зошто за прибирање на средства не ги намалувате буџетските ставки за стоки и услуги и зошто не престанувате да крадете по тендери, кога само од овие две постапки ќе се обезбедат многу повеќе од овие 50 милиони што сте ги предвиделе за собирање, и тоа „случајно“во изборна година. Се чини дека воопшто не ви е грижа што со ваквите постапки го манипулиравте и осиромашувавте граѓанинот, кој и така е истрошен во ова време на пандемија.

Ако сакате да ја следите ЕУ со еколошките такси, ве потсетуваме дека просечната плата во ЕУ е 2000 евра, додека во нашата земја е 460 евра. Затоа, прво ви препорачуваме да ја следите ЕУ во владеењето на правото и подигање на животниот стандард за граѓаните, а тек потоа нека се воведат зелените такси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања