„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Алтернатива: Министерката за култура, Ирена Стефоска, продолжува со дискриминација на Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
faton.

По завршување на конкурсот за независни уметници, објавен во декември 2020 година, на кој уметниците го бараат правото за покривање на трошоците за здравствено осигурување и другите месечни придонеси, Министерството за култура сè уште, дури и по 5 месеци, не ги објавува овие резултати на веб-страницата на Министерството на транспарентен начин, како што треба и како што функционира секоја нормална демократска држава, туку известувањата за победници се пратени лично на уметниците како решенија. Иако ова не е единственото кршење на законот, ние ја потсетуваме јавноста дека, според Законот за култура, овие резултати требаше да бидат објавени на веб-страницата, односно на транспарентен начин, уште на 15 јануари 2021 година, беше истакнато на денешната прес конференција од АлтернАтивА.

— реклама —

Во продолжение на истата додадоја:

— реклама —

Од информациите што ние ги имаме добиено, чудно е како со ова право се стекнаа само македонските уметници, бидејќи од друга страна постои апсурд – ниту еден албански уметник не се стекнал со тоа право. За да биде ситуацијата уште поконтрадикторна, и покрај јавните изјаснувања на оваа влада како граѓанска, во ова комисија немаше ниту еден албански член, што претставува дискриминација од посебен вид.

— реклама —

Затоа АлтернАтивА ја повикува министерката за култура, Ирена Стефоска, да ја повлече оваа одлука, да ја разреши комисијата именувана во декември 2020 година и да формира друга комисија со мултиетнички состав. Преиспитувањето на оваа одлука ќе биде поздравена и од уметниците, бидејќи на овој начин сите уметници објективно ќе го добиеја заслуженото право.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања