Алтернатива можеби ќе влезе во Владата, а можеби и не, вели Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19112021_PVRSM_Zaev_sredba-so-pratenikot-Gashi_3

Во Алтернативата постои поделеност дали да влезат во Владата, истакна претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, по средбата со претседателот на оваа партија, Африм Гаши.

— реклама —

„Алтернативата можеби ќе влезе во Владата, а можеби и не. Тоа ни беше кажано на денешната средба“, рече Заев потенцирајќи дека се отвориле неколку проблематики за кои за време на викендот и на почетокот на идната недела ќе размислуваат и двете партии. Можното идно коалирање, вели премиерот, ќе биде врз основа на програмски принципи, што е позитивно.

— реклама —

Алтернативата поставила неколку услови за можен влез во Владата, кои треба да се најдат на маса во партиските тела на СДСМ. Потоа, како што истакна Заев, јавноста ќе биде запознаена со ставот на владејачката партија.

— реклама —

Според премиерот, логична е поделеноста во Алтернативата, со оглед на тоа што пред две недели беа на став да се собори Владата, односно ДУИ. Се очекуваат отстапки, рече Заев, од сите, не само од СДСМ, туку и ДУИ и сите партнери во Владата.

И Гаши потврди дека разговорите ќе продолжат. Тој рече дека Алтернатива има две опции кои ќе бидат разгледани од органите на партијата.

Претседателот на Алтернатива истакна дека одлуката што ќе ја донесат ќе биде во полза на партијата, граѓаните и државата, додавајќи дека Алтернатива мора да знае која ќе биде нејзината улога кога станува збор за зголемување на мнозинството.

Разговорите помеѓу лидерите на двете политички партии ќе продолжат следната седмица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања