Промени тема
Контакт

Алтернатива: Родовиот идентитет не е лично доживување, туку природен идентитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
safije-sadiki-shaini

Денес, кога се наоѓаме на Меѓународниот ден на родителите, што се совпаѓа и со времето кога во собраниска постапка е ставен Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, АлтернАтивА, како конзервативна парламентарна партија, тука е да го искаже својот став во врска со овој предлог закон и да се изјасниме за заштита на родителите и родителството, истакнаа на денешната прес конференција од Алтернатива.

Во продолжение на прес конференцијата во целост:

Според нас, заштитата на традиционалното семејство и на родителите треба да биде должност и посветеност на целото општество, како што е опишано и во многу меѓународни конвенции и други акти на Обединетите нации.

— реклама —

Во меѓувреме, што се однесува до второто прашање, поточно Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, мора да објасниме дека, поаѓајќи од либералната идеја дека родовиот идентитет е личен избор и лично доживување, а не природен човечки идентитет, суштината на оваа измена е да им се овозможи на лицата кои сакаат, да можат да го менуваат својот родов идентитет и во матичната евиденција, во изводи и лични документи, дури и да имаат можност на неопределеност на родот, со запишување како "Друг".

Предлагач на оваа законска измена е Владата на Република Македонија, која ја сочинуваат и Демократската унија за интеграција и некои албански ограноци на СДСМ, но кои го прифатија ова и дури ќе бидат поддржувачи на овој закон во Собранието. Меѓу оние што го потпишаа овој предлог е и заменик министерот за Правда, од редовите на ДУИ, Агим Нухиу.

Сепак, и покрај фактот дека овој закон дојде во Собрание со европско знаме, иако главните европски земји, како што се Велика Британија и Франција, немаат усвоено таква измена, ставот на АлтернАтивА е дека овој закон е во спротивност со програмските дефиниции на европските конзервативни партии, какви што сме и ние. За нас има само два пола и тие се природни – „Машки“ и „Женски“ и тие не се променливи категории, туку вродени. Според нас, секој што со други пластични форми го менува својот пол од која било причина, тоа е негово лично право, што не треба да се одрази и во домашното законодавство.

— реклама —

Затоа, нашите пратеници ќе бидат ПРОТИВ овие законски измени и ние ќе бидеме доследни на нашиот став, а се надеваме дека граѓаните ќе се сетат на оние пратеници кои ќе гласаат ЗА оваа законска измена.

Во ова прилика, ги повикуваме и другите партии во земјата, особено оние од десничарскиот спектар, но и верските заедници, како и невладините организации кои веруваат во овие вредности, да ни се придружат на овој став, бидејќи прифаќањето на промената на родовиот идентитет подразбира и промена во идентитетот на нашето семејство, па дури и на нашата држава. Ако Велика Британија и Франција сè уште не сакаат да го сторат тоа, зошто се брзаме ние да го сториме тоа?!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања