Алтернатива: Со законот за легализација на илегално изградените објекти владата прошверцува амнестија за прекршувачите на законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nurxhan-asanovska

Секој ден што ова земја се управува од биномот СДСМ-ДУИ нашата земјата се повеќе се оддалечува од патот на европските интеграции. Во последно време сме сведоци на обидот на владата да прошверцува амнестија за сите тие кои имаат градено спротивно на законот и за кои органите на правдата повеле прекршочни постапки. За една земја која има аспирација да се зачлени во ЕУ е просто невозможно двата лидери на македонските партии, преку политички консензус, да влијаат во органите на правдата и да спречуваат прекршителите на законот да ја добијат заслужената казна, сево ова заради нивни политички пазарења, велат од Алтернатива.

— реклама —

— реклама —

Во продолжение на денешната прес конференција беше истакнато:

— реклама —

Освен тоа, овој предлог закон и според начинот како се обидува да се донесе, освен што не важи подеднакво за сите региони во Северна Македонија, тој и ги дискриминира граѓаните, фаворизирајќи ги тие кои граделе илегално и дискриминирајќи ги тие кои граделе согласно законот. Дури, и полошо од тоа, на тој начин се стимулира нелегалното градење и непочитувањето на законот во иднина.

Ова е причината да го прашаме јавно премиерот Заев: Кој е политичкиот пазар со ВМРО за да се помине еден таков скандалозен закон? Како смета тој и неговата дружина да создаваат владеење на правото и правната држава кога со политички консензус ја прегазуваат правдата и директно се вмешаат во судската власт?!

Поаѓајќи од тоа, Алтернатива смета дека овој чекор е штетен за државата и констатира дека оваа земја, полека но сигурно, се повеќе се оддалечува од Европа, истовремено протерувајќи се поголем број граѓани на запад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања