Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, денеска беше во посета на Центарот за управување со кризи. За ова објави директорот Стојанче Ангелов кој кажа дека остварил средба.
„Целта на средбата беше претставување на тимот од Шумската служба на САД, којшто како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари, во наредните две недели ќе пружи поддршка на субјектите и на ЦУК на стратешко и тактичко ниво, но и ќе се програмираат активности за понатамошна соработка. Амбасадорката Брнз имаше и куса средба со членовите на Главниот штаб за управување со кризи, којшто е во постојано заседавање, при што беше информирана за актуелната состојба и справувањето со пожарите“, напиша Ангелов.