Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
bozinovska2-2

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа средба со амбасадорот на Чешка во Македонија, Јарослав Лудва, придружуван од раководителот на економско-конзуларниот оддел, Кветослав Сулек.

На средбата освен што се разговараше за можностите за проширување на соработката во областа на енергетиката, беа договорени и конкретни активности за реализација на две иницијативи на министерката Божиновска: За одржување на заедничка седница на министри од двете земји од повеќе ресори, а со цел за унапредување на билатералните односи, како и иницијативата за воведување директна линија Скопје – Прага.

— реклама —

Министерката Божиновска и амбасадорот Лудва, ќе се заложат на седницата да се потпишат и меморандуми за соработка во повеќе области и да разгледаат и конкретни активности за продлабочување на економските и енергетските односи. Дополнително, се предлага во делегацијата да се вклучени и претставници на македонската бизнис-заедница со цел воспоставување партнерства со чешките компании.

— реклама —

Министерката Божиновска на средбата ја истакна важноста на директната поврзаност меѓу двете земји и најави дека е задоволна што нејзината инцијатива за директна авионска линија со Прага, добила силна поддршка од амбасадорот кој се заложил за нејзина реализација.

— реклама —

„Посебно ме радува што амбасадорот на Чешка во Македонија, Лудва ја поддржа мојата иницијатива за директна авионска линија Скопје – Прага. Со заедничка заложба успеавме оваа идеја да е на пат да се реализира и во месеците што следат ќе биде воспоставена редовна авионска линија, која ќе придонесе за олеснување на соработката во трговијата, бизнисот и културната размена. Со тоа поставуваме нови темели за партнерства и инвестиции“, изјави Божиновска

Министерката и амбасадорот информираа дека освен директната авионска линија Скопје-Прага се разгледува и можноста за воведување и на сезонска линија Прага – Охрид, со цел стимулирање на туристичките врски и промоција на Охрид како дестинација од интерес за чешките туристи.

Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето на силни билатерални односи и отворање нови перспективи за соработка меѓу Чешка и Македонија, што е од интерес за граѓаните и економиите на двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата донесе 61 мерка за енергетска трансформација

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски се обиде да назначи нов министер за енергетика, парламентот го одби предлогот

Свет | пред 3 месеци

03-foto-REK-Oslomej-Custom

Нов тарифник - фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на минерални суровини

Македонија | пред 1 година

bozinovska-ujp-1

Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања