„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Амбасадорот во Рим направи скандал, да се отповика оти им ги загрозил дозволите за работа и престојот на Македонците, бара Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
fasdfa

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди дека амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името "Република Македонија", од 12.02.2024 се неважечки, а со тоа ги загрозил правата на граѓаните на Македонија.

— реклама —

„Со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите. Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи.

Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство.

— реклама —

Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи“, напиша Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања