„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

дпмне

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од ДУИ да престане да го брани кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари и да овозможи институционална постапка за случајот кој, според опозицијата, буди сериозни сомнежи за сексуално вознемирување и злоупотреба на службена положба во Општина Кичево.„ДУИ се обидува скандалот со Фатмир Дехари да го претвори во етничка приказна. Тоа е евтин маневар. Ова не е Албанци против Македонци. Ова е злоупотребувач против жртви. Ова е прашање на достоинство, закон и одговорност, независно од етничката и верската припадност“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека јавноста слушнала содржини што отвораат сериозни прашања за можно вознемирување и притисоци врз жени вработени во општината, а наместо институционална реакција, ДУИ – како што велат – прибегнува кон реторика за „подземје“ и „фабрикувани факти“, со што, според нив, се врши притисок врз потенцијални сведоци.

Македонија | пред 3 седмици

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

„Властa на СДС плаќала 2,5 пати повеќе на Марковски Компани, 4.000 денари за еден час ископ, а само пред една година 1.500. Кога велиме дека криминалот на Марковски Компани и СДС се гледа од авион, токму  на ова мислиме“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ  и додава:Имено, на 17.07.2024 година, РЕК Битола склучува договор од 208 милиони денари за ремонтни активности во комбинатот, а цената за 1 час такви активности е 3.947 денари. Ист ваков договор Марковски Компани имал и претходната година, но тогаш чинел 1.516 денари час за ремонтни активности.Доколку РЕК Битола не го местеле тендерот за Марковски Компани и останела цената од 2023, или истата за малку се покачела, државата ќе заштедела 90 милиони денари. И тоа е само од еден тендер.90 милиони денари е разликата во цени од 2024 во однос на 2023. Ако се земе предвид дека и во 2023 година Марковски Компани не работела со загуба, туку со профит, се доаѓа до очигледниот заклучок дека овие 90 милиони денари завршиле на нечии приватни сметки.Дали овие 90 милиони денари завршиле кај Заев и Филипче, па сега така здушно го бранат преку свои судии и инсталации во судството газдата на Марковски Компани од притвор?Грабежот кој Марковски Компани го направил во РЕК и ЕСМ не е можен без врвот на власта на СДС. А за тоа ќе зборуваме и во наредните денови.Стотици милиони евра народни пари се испумпани преку Марковски Компани. Газдата на фирмата, кој сега СДС го штити преку своите судии, мора да каже каде завршиле овие огромни милиони. СДС не може вечно да бега. Одговорност ќе има.

Македонија | пред 4 седмици

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

“Лагите, триковите се карактеристика за раководството на СДС, поточно на актуелниот претседател Венко Филипче и неговиот струмички гуру Зоран Заев”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Филипче сега зборува за некакви црвени линии кон Бугарија, но тој како и неговиот другар Заев се веќе прочитани.Повеќе од очигледно е дека црвените линии на Филипче се само еден подарок од СДС за Бугарија, или уште едно попуштање кон Бугарија. Или, уште една бонбона бизнис од СДС за Бугарија.Се сеќаваме на кажувањата на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов дека финансиски ја помогнал СДС и тоа директно, поточно преку куферче пари за менторот на Филипче, Заев.Прашањето сега е, ако Заев земал куферче од Борисов, сега какво куферче земал Филипче?ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи распродавање на ништо што е од Македонија, или тоа  што за Филипче е добро, за граѓаните и за Македонија значи само едно, ново предавство.За црвените линии на Филипче кои значат само уште еден бонбона бизнис од СДС за официјална Софија, сега има пречка, а тоа е  ВМРО-ДПМНЕ.Затоа, сега вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

„СДС со наводните кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на ставовите на опозициската партија.„Не знаевме дека дел од раководството на СДС се отуѓени и, со оглед на злосторствата кон Македонија и својот народ, им е потребен надзор и терапија. Но, оваа кривична пријава укажува дека работите се подлабоки дури и од она за што се плашевме. Кривичната пријава е доказ дека и тука, во оваа земја каде системот е распаднат токму поради нив, СДС продолжувајќи по старо смета дека сè може да им помине. Тоа е како некој убиец да ја обвини жртвата дека сама си го организирала убиството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според НИВ, ваквиот начин на однесување е „страшен и опасен“, а истовремено внесува нови и загрижувачки аспекти во политичката динамика.„Фатени сте живи и прочитани од граѓаните. И ако со вакви глупости мислите дека ќе се извлечете, тогаш навистина вашата состојба е неизлечива. Толку од одговорот“, се наведува во реакцијата.Од партијата додаваат и прашање до СДСМ:„Не ли чувствува одговорност Венко Филипче да се огради од повикот за убиство врз премиерот, министерот за внатрешни работи и директорот на БЈБ? Наместо тоа, тие дефокусираат со кривични пријави да ја тргаат мувата од капата.“

Македонија | пред 1 месец

nakje-culev

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, гостуваше Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи и поранешен директор на АР, кој истакна дека со незаконското користење на капацитетите на Агенцијата за национална безбедност е направена штета врз правата и слободите на граѓанинот, истакнувајки дека Јавното обвинителство може многу лесно да ја лоцира одговорноста за сета злоупотреба врз основа на поднесени известувања и дигитална форензика.„На тој начин е нанесена сериозна штета врз правата и слободите на граѓаните, нанесена е штета врз угледот на државата, разнишана е довербата во институциите од безбедносниот систем. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност работат по стрикни утврдени правила и принципи на работење, така да многу е лесно да се детектира каде е одговорноста. Во Агенцијата за национална безбедност треба да се утврди дали навистина постоела законска основа за одредено лице да биде таргет на службата, во медиумите преструеја информации дека се работи за следење на комуникации, меѓутоа не е само следење на комуникации доколку одредено лице е таргет на службата освен следење на комуникации има и физичко следење 24/7, така да, доколку ЈО сака вистински да ја утврди и лоцира одговорноста помеѓу раководителите и вработените, тогаш тоа може врз основа на известувања кои што се поднесени до сега, но и врз основа на дигитална форензика“, рече Чулев.Чулев посочи дека реформите кои се донесени во времето кога Оливер Спасовски бил раководител на безбедносно разузнавачкиот систем се покажале како тотално неуспешни, укажувајќи дека токму од тие причини сето ова е поттик за нови реформи кои ќе конципираат транспарентна и одговорна разузнавачка служба.„Реформите коишто ги правеше Оливер Спасовски после сите овие злоупотреби на системот очигледно се неуспешни, бидејќи не ги штитат интересите на државата и граѓаните, туку ги штитат интересите на одредени поединци и политички структури. Наместо реформите да вродат со плод, во смисла на поголема заштита на интересите на државата и на граѓаните тие доведоа да сегментите од разузнавачко безбедносниот сектор и самите продуцираат бројни безбедносни скандали и корупциски афери за што бевме сведоци , реформите се неуспешни затоа пак ни се случуваат злоупотреби во рамките на разузнавачко безбедносниот сектор. Од тие причини ова е добар поттик за да се спроведат вистински реформи коишто ќе конципираат една модерна разузнавачка служба којашто ќе биде одговорна, одржлива и транспарентна“, вели Чулев.

Македонија | пред 2 месеци

mickoski-ahmeti

Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите, но огледалото е од Али-експрес, вели ВМРО-ДПМНЕ за Ахмети

ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во последните настапи повторно се навраќа на 2001 година.„ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, но сега е 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат државата. Ахмети се враќа 24 години наназад, а 23 од тие години беше на власт и учесник во целото газење, компромитирање и корумпирање на институциите,“ стои во реакцијата.Од опозициската партија велат дека најголемите бенефити од конфликтот ги добиле „50-тина луѓе од врвот на ДУИ, кои од овчари, земјоделци, механичари и слаткари станаа шеици и тајкуни“, додека граѓаните, особено Албанците, масовно се иселувале.„Ахмети дури и да ја поделел Македонија во 2001 година, денес ќе имал иста држава – празна, сиромашна и опљачкана. ДУИ 24 години произведува тајкуни блиски до партијата, а резултатот е пепел и сиромаштија,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата дополнително оценува дека „српското влијание врз ДУИ е непобитно“, споредувајќи ги со „скороевиќите од времето на Милошевиќ“.„Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите криминалци, но огледалото е од Али-експрес, па делуваат трагикомично,“ се додава во реакцијата.

Македонија | пред 2 месеци

mickoski-filipce

Власта со жестока реакција кон Филипче: Помалку графикони, повеќе срам, ти си симбол на луксузот, не на економијата

ВМРО-ДПМНЕ денеска жестоко реагираше на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во кои тој зборуваше за состојбата со инвестициите и економијата. Од владејачката партија порачаа дека токму Филипче е „последниот човек кој може да зборува за економија“, обвинувајќи го за луксуз и хедонизам во време кога граѓаните се соочувале со сиромаштија.„Најголемата инвестиција на СДС ја гледаме во јахтите и кулите во Дубаи, плантажите низ Африка и милионските приватни бизниси на поединци, кои се резултат од криминал и корупција,“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата потсетуваат дека во времето на СДСМ и ДУИ инвеститорите „не доаѓале, туку бегале“ од земјата, која, како што велат, била заробена во корупција и рекет. „Единствениот бум беше во тендерите и раст на лични сметки на привилегирана каста,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.За да ги демантираат критиките на Филипче, од владејачката партија наведуваат два аргументи. Прво, дека според Извештајот „Гринфилд ФДИ Перформанс Индекс 2025“, Македонија го зазела шестото место во светот по привлечени странски инвестиции во однос на БДП. Второ, дека во 2024 година бил остварен рекорден прилив од над 1,25 милијарди евра директни странски инвестиции.„Филипче и СДС наместо нови фабрики им донесоа на граѓаните нови долгови, затворени компании и сиромаштија. А денес, кога државата ја враќа довербата, тој од лежалка држи лекции. Помалку графикони, повеќе срам,“ се додава во реакцијата.Партијата порача дека СДСМ продолжува со „истиот стил на ароганција од времето кога ветуваа живот, а донесоа беда и лоповлук“ и дека граѓаните добро паметат кој ја потопил економијата и кој денес ја крева од пепел.

Македонија | пред 2 месеци

taravarikongres2

„Злото“ денес, партнер вчера – ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на Арбен Таравари

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, со порака дека неговите позиции се недоследни и во спротивност со фактите.„Арбен Таравари повторно ја менува приказната како што му одговара. Два пати влезе и излезе од владината коалиција, како млада невеста што постојано ја прекинува свадбата. Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е ‘злото’, а пред само два месеца со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше во Владата,“ се наведува во реакцијата.Од партијата потсетуваат на неколку клучни моменти:Во февруари 2024, Таравари изјавил дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го гледале неговиот блок како посакуван партнер, а од Али Ахмети добивал „неодоливи понуди – прв албански премиер и претседателски кандидат“.На 23 јуни 2024, Владата беше изгласана со партнерство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозициска коалиција Вреди, што тогаш се толкуваше како победа над матрицата на криминализираната ДУИ.Во мај 2025, Алијансата на Таравари ја напушти коалицијата со образложение за „неисполнети ветувања“, но дел од неговата партија остана во Владата, што според ВМРО-ДПМНЕ покажува дека проблемот не е идеологија, туку нешто друго – можеби уцена.Дополнително, партијата наведува економски показатели кои, како што велат, демантираат тези за „катастрофа“:Индустриско производство +4,1% во јули 2025 во однос на истиот месец 2024,Просечна бруто плата +8,5% во јуни 2025 на годишно ниво,Реална плата +3,8% поради стабилизирана инфлација,Инфлација од 3,7% во јули 2025, далеку од двоцифрените нивоа од времето на СДСМ и ДУИ.„Овие факти покажуваат дека државата оди напред, а не назад. Нема катастрофа, туку стабилизација. Таравари не знае што зборува или знае, ама намерно ја менува плочата за да си го оправда влезот и излезот од коалицијата,“ завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

petrusevski-apasiev

Пресметка меѓу Апасиев и Петрушевски: размена на остри критики пред изборите

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со објава на социјалните мрежи го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, велејќи дека има „мањак од 100-150.000 гласа“ од последните избори и додавајќи дека „ароганцијата е автодеструктивна на долг рок“. Апасиев порача дека Мицкоски ќе зажали за ваквото однесување и најави дека изборите се ближат.На ова реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој жестоко возврати на Апасиев. Тој му порача дека како универзитетски професор треба да знае дека локални избори не се споредуваат со парламентарни, туку со претходни локални избори.„Наместо да броиш гласови на ВМРО-ДПМНЕ, гледај си ја својата партија, бидејќи ти си најголемиот хендикеп на Левица. Во ваква ситуација, кога СДСМ е целосно растурена партија со криминален багаж, вистинска мајсторија е Левица да се бори за пет проценти поддршка“, изјави Петрушевски.Петрушевски оцени дека борбата на Левица се сведува на тоа да обезбеди минимално присуство во неколку општински совети, а најголемиот проблем на Апасиев, според него, е маргиналноста и искривената лична перцепција.Оваа размена на обвинувања уште еднаш ја потврдува напнатата атмосфера пред претстојните локални избори, каде што меѓусебните пресметки на лидерите на опозицијата и помалите партии стануваат сè поостри.

Коментари | пред 2 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

„Албанците не се алиби за криминал“, му вратија на Османи од ВМРО-ДПМНЕ

По изјавите на кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во кои тој ја обвини Владата за маргинализација на Албанците, стигна реакција од ВМРО-ДПМНЕ во која се нагласува дека станува збор за стара политичка тактика на Демократската унија за интеграција (ДУИ).„Кога нема пари и функции, тогаш започнува врескањето: ‘нема правда за сите’, ‘Албанците се на удар’. Во превод: кога нема тендери и рекет, тогаш одеднаш стануваат заштитници на Албанците и на меѓуетничките односи“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата нагласуваат дека Албанците не се загрозени, туку единствено загрозени се „милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ“.„Албанците заслужуваат правда исто како и Македонците и секој друг граѓанин на оваа држава. Тие не се штит кој ќе ве спаси од одговорност, ниту алиби за вашите тендери, провизии и лични богатства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во реакцијата дополнително се истакнува дека времето на двојни стандарди завршило и дека ДУИ мора да се соочи со одговорност за, како што велат, „ограбувањето и осиромашувањето на Македонија“.

Македонија | пред 2 месеци

vlada

Мицкоски најави реконструкција на Владата, ќе се менуваат министри

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека веднаш по локалните избори ќе следи реконструкција на Владата и отворање на партијата за нови кадри, со цел да се обезбеди „повеќе динамика и поголем капацитет“ за реформите.„И затоа веднаш после овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување и поголема динамика на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали. Тоа не значи дека луѓето кои ќе бидат заменети биле лоши или немарни, но на Владата секогаш ѝ треба подинамичен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме“, рече Мицкоски.Тој додаде дека Македонија е на „патот на промените и заедничките успеси“ и дека резултатите веќе се гледаат во макроекономските показатели. „Имаме зголемен извоз, зголемен БДП, раздвижена економија, раст на стопанството, а времето на реално чувствување на овие резултати кај реалниот човек доаѓа“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„Не сум човек кој ги гледа работите од дистанца, и затоа промените во Владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор“, додаде тој.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-12.25.41

„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“, вели Мицкоски

„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека СДСМ и ДУИ преку „инфлација од независни кандидатури и фантомски листи“ се обидуваат да го заматат изборниот процес и да ја прикријат, како што рече, „сликата на историскиот пораз кој им претстои“.„Зад оваа игра не стојат само партиските штабови, туку и длабоката држава на СДС и ДУИ, нивните луѓе распределени во судството и ДИК. Денес тие се во коалиција за да го спречат поразот кој ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека владејачките партии продолжуваат со „матрицата на манипулации и подметнување“. „Не само што не се променети СДС и ДУИ, туку тие сакаат да докажат дека и непроменети ќе го прелажат народот. Но народот е мудар. За бадлија им е, тоа сакам јавно да им порачам. Вие сте гробари на демократијата и слуги на криминалот. Колку повеќе магла создавате, толку посилна ќе биде светлината на победата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ е гаранција дека овој народ ќе ја закопа токму таа длабока држава што 30 години ја гуши државата“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

dpmne-ck

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира саем за отчет: „4 години работа за тебе“

Денес, 23 август 2025 година, во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи настанот „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“. Настанот започнува во 11:00 часот, а свеченото отворање ќе биде со воведно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во 11:20 часот.Во рамки на програмата ќе се одржат панел-дискусии со градоначалниците, поделени по региони. Во 12:10 часот ќе настапат градоначалниците од Скопскиот регион, во 13:40 од Источниот регион, во 14:40 од Југозападниот регион, во 15:40 од Југоисточниот регион, во 16:40 од Вардарскиот регион и во 17:40 од Пелагонискиот регион.Покрај дискусиите, секоја општина ќе има свој промотивен штанд, каде граѓаните ќе можат да ги разгледаат отчетите на градоначалниците и директно да се информираат за нивната работа.Настанот ќе може да се проследи и онлајн преку официјалните YouTube и Facebook канали на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

mickoski-filipce

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во нов економски дуел: „Филмови на Мицкоски“ против „Јахтите на Филипче“

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно влегоа во жестока меѓусебна размена на обвинувања околу економијата и животниот стандард на граѓаните.СДСМ: „Филмовите на Мицкоски не ја плаќаат сиромаштијата“Социјалдемократите жестоко го нападнаа премиерот Христијан Мицкоски за неговата изјава дека „платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво“.„Тоа е навреда за интелигенцијата на граѓаните“, велат од СДСМ, додавајќи дека официјалните податоци покажуваат спротивно: трошоците за живот растат далеку побрзо од платите, а минималната плата е меѓу најниските во регионот.„Во Македонија реалноста е сурова – цените растат секој месец, а приходите стагнираат. Наместо Нетфликс-филмови, Владата треба да ја зголеми минималната плата на 500 евра и да обезбеди повисоки примања во сите сектори“, порачуваат од опозицијата.ВМРО-ДПМНЕ: „Нека го прашаат Филипче како со плата стигнал до јахти и облакодери“Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за стандардот. Тие го нападнаа поранешниот министер за здравство Венко Филипче, прашувајќи „како со лекарска и пратеничка плата стигнал до јахти, акции во авиокомпании и облакодери“.„Кога СДС беше на власт, државата беше на раб на банкрот, платите не се исплаќаа, а граѓаните тонеа во долгови. Сега, за една година, има повисоки плати, пензии, нови работни места и субвенции за земјоделците. Разликата е јасна: со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темели на промените“, порача владејачката партија.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_3152

Нови обвинувања за злоупотреби со Еразмус+: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се караат кој ги злоупотребил парите

Политичката сцена повторно се тресе околу скандалот со злоупотребите на европската програма Еразмус+. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно си упатуваат обвинувања за милионски проневери и за финансирање на партиски кадри преку европски средства.ВМРО-ДПМНЕ: „Фрчкоски добил 200.000 евра преку Еразмус+“Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека дел од средствата наменети за млади и образовни проекти завршиле кај поединци блиски до СДСМ. Како пример го посочуваат професорот и поранешен министер Љубомир Фрчкоски, за кого велат дека добил 200 илјади евра преку проект на Еразмус+, додека агенцијата била раководена од Лидија Димова.„Наместо за образовни програми за младите, парите завршиле кај Фрчкоски, кој со години е најгласен бранител на СДСМ и идеолог на нивните политики. Тоа е уште еден пример како институциите биле злоупотребувани за партиски интереси“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ: „Скандалот води директно до ВМРО-ДПМНЕ“СДСМ возврати со контраобвинувања, наведувајќи дека злоупотребите со европската програма се случувале токму во време кога агенцијата била под раководство на кадри блиски до ВМРО-ДПМНЕ.„Владата на Мицкоски назначи за в.д. директор лице под активна истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами. Од 2014 до 2017 година, преку структури поврзани со ВМРО-ДПМНЕ биле распределени над 8 милиони евра. Прашањето е: во чии џебови завршиле овие пари?“, велат од СДСМ.Социјалдемократите тврдат дека мрежата на сомнителни доделувања опфаќала и компании, како „Силвер Лион Сервисес“ и „Агронимија Органика“, за кои постојат наводи дека се дел од шемата идентификувана од ОЛАФ.Повеќе прашања отколку одговориСлучајот со Еразмус+ останува без правосилна разврска. Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) веќе неколку години води истраги, но јавноста сè уште нема конечни информации дали злоупотребите биле резултат на партиска шема или на поединечни прекршувања.Во меѓувреме, двете најголеми партии го користат скандалот како оружје во меѓусебните обвинувања – ВМРО-ДПМНЕ ја посочува одговорноста на СДСМ и нивните блиски луѓе, додека СДСМ тврди дека токму ВМРО-ДПМНЕ стои зад најголемата проневера на европски пари во Македонија.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања