Кандидатот за градоначалник на Штип, покажува колку СДС е безнадежна, длабоко заробена од тандемот Заев-Филипче, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
zaev-filipce-1

„СДС за кандидат за градоначалник на Штип, излезе со потрчко од истата бизнис шема на Заеви и Венко Филипче, добро познатиот Павел Иванов“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Павел Иванов е познат бизнис партнер и продолжена рака на Заев и Венко Филипче, а со тоа повторно се покажува колку СДС се безнадежни и нереформирани.

Да не ја заборавиме неговата сторија.

— реклама —

За време на владеењето на Заев, Павел Иванов беше поставен за раководител на подрачната единица на МЗШВ во Штип, додека пак неговата сопруга со амин од Заев, во тој период, беше наградена и истата беше поставена за директор на Меѓуопоштинскиот центар за социјална работа во Штип.

Меѓутоа, тоа како да не беше доволно, па истата директорка, по одреден период, беше повторно наградена и беше избрана за советник во Општина Штип, а нејзиниот брат Иле Илиев беше носител на листата на СДС и исто така беше избран за советник во Општина Ново Село, се разбира со дозвола од Заев.

За работите да се уште потрагични, Илиев додедил на 70 години користење, државно земјиште од 20.000м2 посадено со лешници на својата сопруга, а 4700м2 во Суитлак на користење на својот татко.

Луѓе кои се огледуваат на Заев и Филипче, не може да поминат без некаков скандал.

Павел Иванов е продолжена рака на Заев и Филипче. На Штип му треба чесен човек со визија, каков што имаат изминативе 4 години, а со сигурност и наредните 4 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања