Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
ck-dpmne

„СДС со наводните кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на ставовите на опозициската партија.

„Не знаевме дека дел од раководството на СДС се отуѓени и, со оглед на злосторствата кон Македонија и својот народ, им е потребен надзор и терапија. Но, оваа кривична пријава укажува дека работите се подлабоки дури и од она за што се плашевме. Кривичната пријава е доказ дека и тука, во оваа земја каде системот е распаднат токму поради нив, СДС продолжувајќи по старо смета дека сè може да им помине. Тоа е како некој убиец да ја обвини жртвата дека сама си го организирала убиството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според НИВ, ваквиот начин на однесување е „страшен и опасен“, а истовремено внесува нови и загрижувачки аспекти во политичката динамика.

„Фатени сте живи и прочитани од граѓаните. И ако со вакви глупости мислите дека ќе се извлечете, тогаш навистина вашата состојба е неизлечива. Толку од одговорот“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од партијата додаваат и прашање до СДСМ:

— реклама —

„Не ли чувствува одговорност Венко Филипче да се огради од повикот за убиство врз премиерот, министерот за внатрешни работи и директорот на БЈБ? Наместо тоа, тие дефокусираат со кривични пријави да ја тргаат мувата од капата.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 10 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 11 месец

nakje-culev

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања