„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
zaev-filipce-1

„Властa на СДС плаќала 2,5 пати повеќе на Марковски Компани, 4.000 денари за еден час ископ, а само пред една година 1.500. Кога велиме дека криминалот на Марковски Компани и СДС се гледа од авион, токму  на ова мислиме“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ  и додава:

— реклама —

Имено, на 17.07.2024 година, РЕК Битола склучува договор од 208 милиони денари за ремонтни активности во комбинатот, а цената за 1 час такви активности е 3.947 денари. Ист ваков договор Марковски Компани имал и претходната година, но тогаш чинел 1.516 денари час за ремонтни активности.

— реклама —

Доколку РЕК Битола не го местеле тендерот за Марковски Компани и останела цената од 2023, или истата за малку се покачела, државата ќе заштедела 90 милиони денари. И тоа е само од еден тендер.

— реклама —

90 милиони денари е разликата во цени од 2024 во однос на 2023. Ако се земе предвид дека и во 2023 година Марковски Компани не работела со загуба, туку со профит, се доаѓа до очигледниот заклучок дека овие 90 милиони денари завршиле на нечии приватни сметки.

— реклама —

Дали овие 90 милиони денари завршиле кај Заев и Филипче, па сега така здушно го бранат преку свои судии и инсталации во судството газдата на Марковски Компани од притвор?

Грабежот кој Марковски Компани го направил во РЕК и ЕСМ не е можен без врвот на власта на СДС. А за тоа ќе зборуваме и во наредните денови.

Стотици милиони евра народни пари се испумпани преку Марковски Компани. Газдата на фирмата, кој сега СДС го штити преку своите судии, мора да каже каде завршиле овие огромни милиони. СДС не може вечно да бега. Одговорност ќе има.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 седмици

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 месец

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 1 месец

nakje-culev

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања