Денес, 23 август 2025 година, во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи настанот „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“. Настанот започнува во 11:00 часот, а свеченото отворање ќе биде со воведно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во 11:20 часот.
Во рамки на програмата ќе се одржат панел-дискусии со градоначалниците, поделени по региони. Во 12:10 часот ќе настапат градоначалниците од Скопскиот регион, во 13:40 од Источниот регион, во 14:40 од Југозападниот регион, во 15:40 од Југоисточниот регион, во 16:40 од Вардарскиот регион и во 17:40 од Пелагонискиот регион.
Покрај дискусиите, секоја општина ќе има свој промотивен штанд, каде граѓаните ќе можат да ги разгледаат отчетите на градоначалниците и директно да се информираат за нивната работа.
Настанот ќе може да се проследи и онлајн преку официјалните YouTube и Facebook канали на ВМРО-ДПМНЕ.