СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во нов економски дуел: „Филмови на Мицкоски“ против „Јахтите на Филипче“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
mickoski-filipce

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно влегоа во жестока меѓусебна размена на обвинувања околу економијата и животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

СДСМ: „Филмовите на Мицкоски не ја плаќаат сиромаштијата“

— реклама —

Социјалдемократите жестоко го нападнаа премиерот Христијан Мицкоски за неговата изјава дека „платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво“.

— реклама —

„Тоа е навреда за интелигенцијата на граѓаните“, велат од СДСМ, додавајќи дека официјалните податоци покажуваат спротивно: трошоците за живот растат далеку побрзо од платите, а минималната плата е меѓу најниските во регионот.

„Во Македонија реалноста е сурова – цените растат секој месец, а приходите стагнираат. Наместо Нетфликс-филмови, Владата треба да ја зголеми минималната плата на 500 евра и да обезбеди повисоки примања во сите сектори“, порачуваат од опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ: „Нека го прашаат Филипче како со плата стигнал до јахти и облакодери“

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за стандардот. Тие го нападнаа поранешниот министер за здравство Венко Филипче, прашувајќи „како со лекарска и пратеничка плата стигнал до јахти, акции во авиокомпании и облакодери“.

„Кога СДС беше на власт, државата беше на раб на банкрот, платите не се исплаќаа, а граѓаните тонеа во долгови. Сега, за една година, има повисоки плати, пензии, нови работни места и субвенции за земјоделците. Разликата е јасна: со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темели на промените“, порача владејачката партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8hq3j8pg4vqe8YoVd7f

Филипче: Власта удри и по средните винарии, треба да продадат 30% од грозјето за да добијат субвенции

Македонија | пред 1 час

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: Огласот на ВМРО-ДПМНЕ е повик за „нови криминалци“ на локално ниво

Македонија | пред 3 часа

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

СДСМ: Четиринаесет дена молк за 5 тони дрога запленета во Србија, кој ќе понесе одговорност?

Македонија | пред 8 часа

media-libraryamnv31vi0dvpf3Q0GVs

СДСМ: Владата ги намали субвенциите за 40 милиони евра, земјоделците се понижени

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања