Промени тема
Контакт

„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Screenshot-2025-08-23-at-12.25.41

„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека СДСМ и ДУИ преку „инфлација од независни кандидатури и фантомски листи“ се обидуваат да го заматат изборниот процес и да ја прикријат, како што рече, „сликата на историскиот пораз кој им претстои“.

„Зад оваа игра не стојат само партиските штабови, туку и длабоката држава на СДС и ДУИ, нивните луѓе распределени во судството и ДИК. Денес тие се во коалиција за да го спречат поразот кој ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори“, изјави Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека владејачките партии продолжуваат со „матрицата на манипулации и подметнување“. „Не само што не се променети СДС и ДУИ, туку тие сакаат да докажат дека и непроменети ќе го прелажат народот. Но народот е мудар. За бадлија им е, тоа сакам јавно да им порачам. Вие сте гробари на демократијата и слуги на криминалот. Колку повеќе магла создавате, толку посилна ќе биде светлината на победата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ е гаранција дека овој народ ќе ја закопа токму таа длабока држава што 30 години ја гуши државата“, порача Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 10 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 10 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 10 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања