Промени тема
Контакт

МИЦКОСКИ

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.По повод годишнината, Мицкоски се осврна на историјата на партискиот комитет, истакнувајќи дека изминатите 36 години биле исполнети со предизвици, борба, истрајност и заедништво.Тој посочи дека низ повеќе од три децении генерации членови и поддржувачи оставиле свој белег во работата на организацијата, нагласувајќи ја важноста на заедништвото и посветено

Македонија | пред 9 часа

media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

(Видео) Ходаи го покани Мицкоски на дебата среде чаршија

Бленди Ходаи повторно му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, откако тој изјави дека е непристојно да се навредуваат професорите, во контекст на претходната критика на Ходаи за студентски оброк.Во својата реакција, Ходаи иронично го праша Мицкоски дали треба да му се обраќа како на премиер или како на професор, посочувајќи дека кога го критикуваат за неговата работа како премиер, тој се повикува на професорската титула.„Како професор, Вие знаете многу добро дека вистината никогаш не може д

Македонија | пред 14 часа

media-librarylng55irhup809BUd80c

Мицкоски се согласува Обвинителството да отвори случај и да поведе истрага за Алта банка

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка да продолжи да работи и порача дека Владата е насочена кон нејзино спасување, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ во врска со нејзиното преземање.Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на СДСМ Обвинителството да отвори предмет за случајот, Мицкоски рече дека се согласува да биде поведена истрага за да се утврдат сите околности.Тој оцени дека обидите на опозицијата да создаде сомнеж дека банката ќе заврши во стечај нема да успеат и

Македонија | пред 18 часа

media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни.Мицкоски рече дека бил непријатно изненаден од изјавата и потсети дека и тој и министерката за образование се редовни професори кои, како што наведе, со години им помагале на генерации студенти да стекнат знаење.Тој изрази жалење што Ходаи не присуствувал на состанокот со претставниците на студентските движења, на кој се разгова

Македонија | пред 18 часа

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека нема да се овозможи полагање на целиот правосуден испит на албански јазик, туку решението што ќе биде доставено на владина седница ќе содржи два дела.Според него, студентите ќе можат делот од испитот поврзан со нивните додипломски студии да го полагаат на јазикот на кој го завршиле високото образование. Во Македонија, како што посочи, високообразовни студии се одржуваат на албански, турски и англиски јазик.Од друга страна, делот од правосудниот испит во

Македонија | пред 18 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на банката да биде закажана кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека истекол тридневниот рок во кој требало да биде известен регулаторот во Србија, а во тек е десетдневниот рок во кој треба да се даде согласност Народната банка преку аукција да ги отуѓи акциите.Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенци

Македонија | пред 18 часа

media-librarylesdi7ujs1sjcnVs9Lp

(Видео) „Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!“ вели Кузеска

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоски директно одлучувал за влезот на Алта банка на македонскиот пазар, повикувајќи се на изјава на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.Кузеска оцени дека изјавата на Славески претставува потврда на тврдењата што СДСМ ги изнесува во изминатите 11 месеци. Според неа, одлуката била донесена со образложение дека, како стратешка гранка, банкарството барало исполнува

Македонија | пред 2 дена

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Премиерот Христијан Мицкоски ја обвини СДСМ дека се радува на негативни сценарија поврзани со „Алта банка“, додека Владата, како што рече, прави напори да најде решение и потенцијален купувач за банката.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека проблемот е увезен од Србија, каде што, според него, има сериозни показатели за состојбите во банкарскиот систем. Тој истакна дека последиците веќе ги чувствуваат и македонски компании кои соработуваат со српски партнери, чии сметки и средст

Македонија | пред 3 дена

media-libraryo7fgjuaqlunp7cuAiJc

„Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната влада, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Македонија следната година да добие уште попозитивна оценка од Европската комисија, посочувајќи дека дел од реформите спроведени по завршувањето на годинашниот извештаен период не биле опфатени во оценувањето.Мицкоски рече дека евроамбасадорот Михалис Рокас потврдил оти земјата бележи значителен напредок во однос на минатата година. Според премиерот, извештајниот период завршил на 31 август, а потоа биле спроведени дополнителни реформи, особено во борбата про

Македонија | пред 3 дена

media-libraryg7v5c6aa4f7raaRYKhT

(Видео) „Записникот открива: Владата на Мицкоски нудела државни акции за Давор Мацура и неговата Алта банка!“, вели Кузеска

Записникот од владината седница од 23 септември 2025 година покажува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски носела заклучоци поврзани со преземање акции од 16 јавни институции од страна на „Алта банка“ АД Белград, обвини портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска.На прес-конференција, таа изјави дека заклучоците биле донесени на предлог на министерката Кочоска и дека државни акции биле нудени во интерес на Давор Мацура и „Алта банка“.Кузеска потсети дека СДСМ уште

Македонија | пред 3 дена

media-library1v3692qk4s216CY2tE6

Прашањата поврзани со изборите во Брвеница се надминати и нема да се одразат врз односите меѓу коалициските партнери, порача Меџити

Прашањата поврзани со изборите во Брвеница се надминати и нема да се одразат врз функционирањето на Владата ниту врз односите меѓу коалициските партнери, порача копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити.Обраќајќи им се на новинарите во Боговиње, Меџити рече дека редовно се среќава со премиерот Христијан Мицкоски и дека, и покрај различните ставови што понекогаш ги имаат, несогласувањата ги решаваат во рамките на Владата.„Имаме редовни средби со премиерот Мицкоски. Ние сме дел од Владата, но сме и пар

Македонија | пред 3 дена

media-library1lgv8bt7laoteEGiKXU

Мицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

Македонија годинава добила подобра оценка од Европската комисија во споредба со минатогодишниот извештај, без ниту една констатација за назадување, порача премиерот Христијан Мицкоски, осврнувајќи се на годишната оценка за напредокот на земјата во европските интеграции.Според Мицкоски, Европската комисија констатирала значителен напредок во спроведувањето на Реформската агенда, поради што Македонија е меѓу земјите со најдобри резултати во рамките на Европскиот инструмент за реформи и раст. Тој п

Македонија | пред 4 дена

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски ги повика штедачите на Алта банка да бидат спокојни: Нема да останат без своите пари

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика штедачите и доверителите на Алта банка да не подлегнуваат на, како што рече, шпекулациите и обидите за создавање паника, уверувајќи дека државата го следи случајот и дека граѓаните ќе бидат обештетени доколку банката замине во стечај.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски ја обвини опозицијата дека намерно создава страв кај граѓаните и дека случајот со Алта банка го користи за политички цели. Тој направи споредба со претходните реакции на опозицијата в

Македонија | пред 4 дена

media-libraryjf7ts1ro88ot4DU0bAt

Евроамбасадорот Рокас денеска му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска во Владата официјално ќе му го предаде на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Средбата е закажана за 14 часот, по што двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција и ќе ги презентираат клучните оценки и забелешки од Брисел.Извештајот вчера го прими и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој оцени дека документот дава објективен преглед на постигнатите резултати, но и на предизвиците со кои се соочу

Македонија | пред 4 дена

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека за време на посетата на Германија остварил средби со раководството на „Дојче телеком“, како и со претставници на Германската стопанска комора и компании што веќе инвестираат или планираат да вложуваат во Македонија.На средбата со главниот директор на „Дојче телеком“ биле разгледани можностите за дополнителни инвестиции на македонскиот телекомуникациски пазар, но и во други области, меѓу кои здравството, паметната технологија и други индустрии што можат д

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по изборниот исход во Брвеница, оценувајќи дека неговата политичка опција настапила сама против сите, но остварила раст на поддршката во споредба со претходните изборни циклуси.Во објавата тој посочи дека бројот на гласови се зголемил од 3.000 во првиот круг на 4.200, што, според него, претставува јасен напредок. Во споредба со парламентарните избори, поддршката е зголемена за 1.300 гласови, но тоа не било доволно за целосна победа.Мицкоски ги повика сите ж

Македонија | пред 1 седмица

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Со порака за обединување, развој и надминување на етничките и политичките поделби, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се обрати на завршниот митинг во Брвеница, од каде што ги повика граѓаните во недела да го поддржат кандидатот за градоначалник Стојанче Радичевски, познат како Цоки, и да го заокружат бројот 1.Мицкоски порача дека Брвеница треба да биде општина за сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност. Според него, развојот не се мери само преку

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysnpits7mdqkdajSyQxy

(Видео) „ДПМНЕ им брои залаци на студентите, а милион евра троши за владини настани“, вели Мојсоска

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, ја критикуваше Владата поради одбивањето да обезбеди дополнителни средства за зголемување на субвенционираниот студентски оброк, посочувајќи дека истовремено се издвојуваат речиси еден милион евра за техничка поддршка на владини настани.На расправата за ребалансот на Буџетот, Мојсоска информираше дека Левица поднела амандман со кој бара дополнителни 4,9 милиони евра за зголемување на студентскиот оброк, кој веќе три години изнесува 140 денари дневно. Аман

Македонија | пред 1 седмица

media-library071qd3e595h3efrUE9Q

Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат во вториот пензиски столб, најави Мицкоски

Граѓаните ќе можат самостојно да одлучуваат дали пензиските придонеси ќе ги уплаќаат само во државниот фонд или ќе продолжат да користат комбиниран систем со приватен пензиски столб. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека Владата разгледува промени во пензискиот систем.Според Мицкоски, компаниите што управуваат со средствата во вториот пензиски столб не остваруваат приноси на очекуваното ниво, кои, како што тврди, се трипати пониски од предвиденото.Тој оцени дека управувачк

Македонија | пред 1 седмица

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува победа на кандидатот на партијата во вториот круг од локалните избори во Брвеница, при што целта е да се освојат повеќе од 4.000 гласови.На последниот ден од изборната кампања, Мицкоски најави завршно обраќање пред жителите на општината и потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг освоило речиси 3.000 гласови. Тој очекува поддршката во вториот круг да биде поголема и да донесе изборна победа.Осврнувајќи се на кампањата, Мицкоски ја обвини

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека економските показатели во Македонија се движат во позитивна насока, откако Државниот завод за статистика ги објави конечните податоци за растот на БДП во 2024 година и ревидираните бројки за 2025 година. Според нив, растот во двете години изнесува 3,8 отсто.Одговарајќи на новинарско прашање за индустриското производство и економските показатели, Мицкоски посочи дека растот за 2024 година е ревидиран од 3 на 3,8 отсто, додека за 2025 година од 3,5 на 3,8 от

Македонија | пред 1 седмица

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

(Видео) Врати го името, му рече Филипче на Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати критики до премиерот Христијан Мицкоски, повикувајќи го да ги исполни ветувањата поврзани со името, Преспанскиот договор и договорот со Бугарија.„Чекаат луѓето да го вратиш името. Врати го името. Чекаа да го поништиш Преспанскиот договор. Поништи го. Чекаа да го смениш или да го подобриш договорот со Бугарија. Ајде, подобри го“, порача Филипче, додавајќи дека Мицкоски ветувал и подобрување на преговарачката рамка и поголема заштита на македонскиот јази

Македонија | пред 1 седмица

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за инвестиции во центри за податоци и развој на вештачката интелигенција, оценувајќи дека тие се клучни за идниот економски и технолошки развој. Тој најави дека Владата работи на неколку инвестиции од овој вид.Во гостувањето во „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, Мицкоски рече дека нема да дозволи Македонија да заостанува во развојот на овие индустрии, туку ќе се стреми да биде меѓу земјите што активно ги применуваат новите технологии.„Да,

Македонија | пред 1 седмица

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води проактивни политики и презема навремени мерки, затоа сме со најниска инфлација и највисок раст на БДП

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Македонија полесно се справува со актуелната економска криза отколку во претходните години, наведувајќи дека инфлацијата во септември изнесувала 2,7 отсто, а бројот на вработени достигнал 708 илјади.Во гостувањето во „Само интервју“ на телевизијата „Канал 5“, Мицкоски рече дека економските политики треба да се оценуваат преку споредба на резултатите на владите, а не само преку цените на производите и горивата. Според него, важно е колку граѓаните можат да

Македонија | пред 1 седмица

media-library9b82jub8k7lu2rGu4UU

Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека телефонскиот разговор со Срдановиќ, носителот на листата што победи на изборите во Србија, бил протоколарен и дека очекува подобрување на економската соработка меѓу двете соседни држави.Во гостувањето во „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, Мицкоски појасни дека со Срдановиќ се слушнал околу пладне и дека не очекувал од разговорот да прави јавен настан.Тој рече дека не го познава лично Срдановиќ, но изрази надеж дека во иднина Македонија и Србија ќе ги

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања