Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добивале досега, работиме на понудата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-libraryaminolb5mga0ffPLaUG

Нов пакет поволности за студентите, кој ќе се користи преку апликацијата „М-услуги“, подготвува Владата, најави премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Топ тема“.

— реклама —

Одговарајќи на прашањето за решението за студентскиот оброк, Мицкоски рече дека пакетот ќе овозможи пристап до повеќе услуги и привилегии, кои, според него, ќе бидат поголеми од сегашниот надомест од 140 денари за дневен студентски оброк.

— реклама —

„Подготвуваме еден поголем пакет којшто е единствен таков во Европа, каде што студентите преку апликацијата „М-услуги“ ќе имаат повеќе привилегии и повеќе услуги во коишто ќе користат привилегии“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој појасни дека висината на попустите ќе зависи од договорите со економските оператори. Дел од нив би можеле да понудат попусти од пет отсто, додека други 20, 25 или дури 50 отсто.

— реклама —

Премиерот најави дека, кога пакетот ќе биде подготвен, студентите ќе бидат поканети на негово официјално претставување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

Мицкоски ја отфрли можноста за договор за предвремени избори: „Не барајте теории на заговор“

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryaetr95b98it13GjxMv2

Мицкоски тврди дека Македонија има најниска инфлација во регионот и покрај најавените поскапувања на лебот, јајцата и месото

Македонија | пред 1 ден

media-librarysnpits7mdqkdajSyQxy

Мицкоски најави зголемување на студентскиот оброк

Македонија | пред 1 ден

media-libraryke4d01rsi92h4G6UwB9

Мицкоски: Алта банка ќе се спаси, парите на граѓаните ќе останат достапни

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања