Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски ја отфрли можноста за договор за предвремени избори: „Не барајте теории на заговор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 минути -

Македонија
media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

Редовни парламентарни избори се очекуваат напролет 2028 година, а предвремени избори може да има само доколку здружената опозиција поднесе иницијатива за распуштање на Собранието. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“.

— реклама —

Тој рече дека владејачкото мнозинство е стабилно и ги отфрли шпекулациите за можни политички сценарија и договори поврзани со предвремени избори.

— реклама —

„Ако сакаат предвремени избори, поднесуваат иницијатива за распуштање на Парламентот од здружената опозиција, ние ја поддржуваме и одиме на предвремени парламентарни избори. Ние работиме како да имаме редовни парламентарни избори напролет 2028. Не барајте теории на заговори, сценарија, овој ќе напуштел… И да напушти Максим Димитриевски, Владата има 61 пратеник и повеќе од тоа“, изјави Мицкоски.

Осврнувајќи се на шпекулациите за наводен договор со ДУИ во врска со враќањето на Артан Груби, премиерот ги отфрли таквите тврдења.

— реклама —

„Смешно е воопшто да ме прашувате дали има некаков договор со ДУИ поврзан со враќањето на Артан Груби. Или не ме познавате доволно или не знаете како функционирам“, рече тој.

— реклама —

Мицкоски додаде дека со коалицијата ВРЕДИ имаат одлична и редовна координација и соработка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryaetr95b98it13GjxMv2

Мицкоски тврди дека Македонија има најниска инфлација во регионот и покрај најавените поскапувања на лебот, јајцата и месото

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-librarysnpits7mdqkdajSyQxy

Мицкоски најави зголемување на студентскиот оброк

Македонија | пред 8 часа

media-libraryke4d01rsi92h4G6UwB9

Мицкоски: Алта банка ќе се спаси, парите на граѓаните ќе останат достапни

Македонија | пред 1 ден

media-librarylp7lbsbs1k369yuYPOr

Мицкоски најави три мерки за младите: 20 отсто поевтини станови, нула комуналии и студентски попусти

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања