Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Алта банка ќе се спаси, парите на граѓаните ќе останат достапни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 24 минути -

Македонија
media-libraryke4d01rsi92h4G6UwB9

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја обвини опозицијата дека шири дезинформации и ја манипулира јавноста во врска со случајот „Алта банка“. Тој тврди дека банката ќе биде спасена и дека парите на граѓаните ќе останат достапни.

— реклама —

На 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека опозицијата, според него, во отсуство на идеи и програма се обидува да создаде песимизам и секој успех да го претстави како неуспех.

— реклама —

Осврнувајќи се на случајот со „Алта банка“, тој посочи дека станува збор за проблем поврзан со матичната банка во Србија, за која тврдеше дека пропаднала. Според Мицкоски, опозицијата ширела информации и обвинувања дека банката би можела да ја преземе лице со криминално минато.

Премиерот потсети и на случајот со „Еуростандард банка“, обвинувајќи ја опозицијата дека тогаш не реагирала на ист начин, иако, како што рече, граѓаните навистина изгубиле пари поради обезвреднување на капиталот на банката.

— реклама —

Мицкоски тврдеше и дека токму опозицијата претходно воспоставила деловни односи со „Алта банка Србија“ и нејзиниот сопственик, додавајќи дека за тоа покажал документи во Собранието.

— реклама —

„Морам да им кажам дека ќе останат разочарани, а граѓаните задоволни. Банката ќе се спаси. Парите на граѓаните ќе останат достапни за граѓаните“, порача Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylp7lbsbs1k369yuYPOr

Мицкоски најави три мерки за младите: 20 отсто поевтини станови, нула комуналии и студентски попусти

Македонија | пред 26 минути

— реклама —
media-librarygvm4hjcam8ulaZZz9wq

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе одиме од место во место за да ги слушнеме граѓаните

Македонија | пред 27 минути

media-libraryk854ssd064cmbGO9CVv

Рама тргна да кажува за Бугарите во македонскиот Устав, Мицкоски одма му порача: Тоа е внатрешно прашање

Македонија | пред 8 часа

media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

Од понеделник реконструкција на патот Делчево – Бугарија, најави Мицкоски

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања