Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски со јасна порака до ЕУ: Уставот нема да го менуваме, прво да го договориме акцискиот план за малцинство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 49 минути -

Македонија
media-libraryfj6psupulumc1QQyzss

Премиерот Христијан Мицкоски за медиумите пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел изјави дека останува на ставот дека уставни измени под актуелните услови нема да има, а смета дека прво треба да се отвори прашањето за акцискиот план за малцинствата.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање каде ќе се најде Владата доколку Европската Унија продолжи да инсистира на уставни измени, особено по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Мицкоски посочи дека постои друга пречка која претходно треба да се надмине.

— реклама —

„Ние прво треба да разговараме за акцискиот план. Ние утре да одлучиме да го промениме Уставот, што нема да се случи, но еве хипотетички, повторно, пред нас имаме пречка, тоа е акцискиот план за малцинство“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој нагласи дека Владата веќе доставила предлог и дека е суштински важно најпрво да се постигне договор за акцискиот план.

— реклама —

„Затоа ние дадовме предлог и мислам дека е суштински важно најпрво да зборуваме за акцискиот план за малцинства, ајде тоа да го договориме, бидејќи 26 земји членки немаат против, само една има против. Ајде да го договориме и да видиме дали имаме простор за што било друго да разговараме“, порача премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library29mus5k36bnsfFqSolt

Мицкоски: Не го потценувајте Западен Балкан, ние ѝ припаѓаме на Европа и заслужуваме место на европската маса

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-libraryaminolb5mga0ffPLaUG

Мицкоски: Очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија | пред 38 минути

media-libraryh2p3rc5ik6tl7RVQlgc

Станови со 20 отсто попуст и куќи без комуналии за младите брачни парови – мерките стапуваат на сила од следната година, најави Мицкоски

Македонија | пред 7 часа

media-libraryaminolb5mga0ffPLaUG

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добивале досега, работиме на понудата

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања