Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Станови со 20 отсто попуст и куќи без комуналии за младите брачни парови – мерките стапуваат на сила од следната година, најави Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 58 минути -

Македонија
media-libraryh2p3rc5ik6tl7RVQlgc

Младите брачни парови до 35 години ќе можат да купат стан по цена за 20 отсто пониска од просечната пазарна вредност во соодветната катастарска општина, додека оние што ќе одлучат да изградат куќа ќе бидат ослободени од плаќање комуналии. Овие мерки ќе бидат уредени со два посебни закона, кои се очекува во декември да влезат во собраниска процедура, најави премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Според најавата, цената на становите ќе се утврдува врз основа на просечните пазарни цени во конкретната катастарска општина во текот на претходната година. Катастар веќе подготвува анализа за продадените новоизградени станови, а премиерот очекува наскоро да бидат објавени податоците за првите три квартали од годинава.

— реклама —

Вториот закон ќе им овозможи на општините да ги ослободат младите брачни парови од плаќање комуналии при изградба на куќа. Мицкоски посочи дека дел од градоначалниците веќе размислуваат за дополнителни можности, меѓу кои и понуда на урбанизирано земјиште по цена од едно евро.

— реклама —

Во однос на условот за возраста, Мицкоски рече дека се разгледува можноста критериумот да го исполнува само едниот брачен партнер. Тој потврди дека мерките нема да важат за лица кои не се во брак.

— реклама —

Премиерот очекува законите да бидат усвоени и мерките да почнат да се спроведуваат од следната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryaminolb5mga0ffPLaUG

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добивале досега, работиме на понудата

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

Мицкоски ја отфрли можноста за договор за предвремени избори: „Не барајте теории на заговор“

Македонија | пред 1 ден

media-libraryaetr95b98it13GjxMv2

Мицкоски тврди дека Македонија има најниска инфлација во регионот и покрај најавените поскапувања на лебот, јајцата и месото

Македонија | пред 1 ден

media-librarysnpits7mdqkdajSyQxy

Мицкоски најави зголемување на студентскиот оброк

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања