Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Автопатот од Тетово до Охрид ќе биде завршен до 2029 година, кај Требеништа ќе се бара ново решение поради УНЕСКО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 35 минути -

Македонија
media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека изградбата на автопатското поврзување од Тетово до Охрид напредува според предвидената динамика, а целокупната делница очекува да биде завршена до 2029 година.

— реклама —

Мицкоски информираше дека покрај делниците Тетово–Гостивар и Гостивар–Буковичани, започната е и изградбата на делницата Буковичани–Кичево, која треба да ги поврзе овие автопатски правци со автопатот Кичево–Охрид.

— реклама —

Со реализацијата на проектот, како што посочи премиерот, ќе се заокружи автопатското поврзување од Скопје преку Тетово, Гостивар и Кичево до Охрид.

Мицкоски се осврна и на продолжувањето на трасата кај Требеништа, каде што е предвидена клучка од која автопатот треба да продолжи кон граничниот премин Ќафасан. Сепак, поради тоа што овој простор е опфатен со заштитата на УНЕСКО, ќе мора да се разгледа алтернативно техничко решение.

— реклама —

„Кај местото Требениште имаме оставено клучка, каде што треба да продолжи тој автопат до граничниот премин Ќафасан. Тука знаете дека тој периметар во моментот е предмет на УНЕСКО и, согласно последниот извештај на УНЕСКО, треба да бараме друго техничко решение“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Премиерот изрази оптимизам дека автопатот Кичево–Охрид ќе биде пуштен во употреба до крајот на вториот квартал од следната година, додека целосното автопатско поврзување од Тетово до Охрид очекува да биде завршено до 2029 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања