Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Мицкоски во ниту еден момент не ми остави впечаток дека има резерви кон албанскиот јазик“, вели Рама

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 43 минути -

Македонија
media-library3tlculatam8s5oH5UHd

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека во разговорите со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, вклучително и на нивната средба неделава, не забележал негативен однос кон албанскиот јазик или обид македонскиот јазик да се постави над него.

Во интервју за македонскиот портал „Коха“, со новинарот Назим Рашиди, Рама беше прашан дали со Мицкоски и со другите македонски политичари разговарал за актуелната дебата околу употребата на албанскиот јазик.

— реклама —

Тој рече дека не може да открие за што разговарале, но го изнесе својот личен впечаток од комуникацијата со македонскиот премиер.

— реклама —

„Мицкоски во ниту еден момент не ми остави впечаток дека има резерви кон албанскиот јазик или дека има пристап на супериорност на македонскиот јазик над албанскиот“, изјави Рама, додавајќи дека тоа не значи дека не треба да се следи состојбата и да се реагира на евентуално уназадување во употребата на албанскиот јазик.

Тој посочи дека е информиран и од албанските политички партии за прашањата поврзани со употребата на јазикот, а се осврна и на примената на албанскиот јазик во судството.

— реклама —

Според Рама, постојат различни толкувања на состојбите – од објективни тешкотии до обвинувања за намерно попречување. Сепак, оцени дека засега нема конкретни факти што би наложиле заедничка реакција.

— реклама —

„Во моментот кога зборуваме, не сме во ситуација во која се соочуваме со конкретни факти поради кои би требало сите да се собереме и да кажеме – стоп“, рече албанскиот премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryjnt2jh6ag8hg8MEtOZm

Рама по протестите во Тирана: Ова нема никаква врска со студентите, зад хаосот стојат туѓи агенти

Балкан | пред 1 месец

— реклама —
Rama1

„Не ни треба „Голема Албанија“ за да го поддржуваме Косово“, вели Рама

Балкан | пред 3 месеци

media-library4bv9a2or3lmu2yZin4r

Европа до Рама: Европската Унија или инвестицијата на зетот на Трамп

Балкан | пред 4 месеци

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Рама: Албанците во Македонија се државотворен народ

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања