Промени тема
Контакт

МИЦКОСКИ

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави дека продолжуваат преговорите со снабдувачот „Окта“ за обезбедување дополнителен попуст на дизелот, со цел да се намали неговата цена.Одговарајќи на прашањето дали мерката ќе продолжи и по 20 октомври, Мицкоски рече дека за ова прашање ќе се разговара на денешната владина седница.Тој изрази оптимизам дека наскоро ќе биде постигнат договор за дополнително намалување на цената на дизелот за два денара по литар.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypejvl062qgbd1mehIZw

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од завршниот митинг во Брвеница ги повика граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 1 за кандидатот за градоначалник, Стојанчо Радичевски, со порака дека не треба да се дозволи повторно да се случи СДС.Мицкоски упати пораки до родителите, пензионерите и земјоделците, повикувајќи ги да се потсетат на периодот кога СДС беше на власт. Тој рече дека тогаш во училиштата немало учебници, пензиите се зголемувале за мали и

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryi34m3b43todu85sPDv5

Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДС полна со навреди и криминал или исправена Македонија, каква гради ВМРО-ДПМНЕ

„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг во општина Брвеница.Мицкоски посочи дека Брвеница има реални потреби за подобрување на инфраструктурата, за создавање подобри

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycbkr9j5ev3n57fvbKbh

Случајот со Ива Михаилова стигнува до НАТО и ЕУ, Мицкоски најави разговори со меѓународните партнери

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека деталите од истрагата и околностите под кои Ива Михаилова ја напуштила Македонија ќе бидат презентирани пред сојузниците во НАТО. Тој упати нови критики кон Бугарија, оценувајќи дека случајот може да ѝ нанесе дипломатска штета на официјална Софија.Мицкоски порача дека Македонија нема да се откаже од напорите случајот да добие правна разрешница и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.За случајот се огласи и претседателот на СДСМ, Венко Фили

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycbkr9j5ev3n57fvbKbh

„А што очекувате, да признаат дека учествувале?“ – Мицкоски за негирањето од Софија дека учествувале во бегството на Ива Михаилова

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија нема да се откаже од барањето за враќање на Ива Михаилова и нејзиниот татко од Бугарија, нагласувајќи дека македонските институции ќе ги искористат меѓународните механизми што им стојат на располагање.„Со одговорот на бугарските власти најпрво паднаа во вода координираните напади што доаѓаа оттаму и од нашата опозиција дека нешто било договорено. Имаме потерница и очекуваме родителот на Ива, кој е осуден, да биде вратен, а Ива да дојде и да ја

Македонија | пред 3 седмици

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски уверува дека струјата нема да поскапи

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Владата ќе продолжи да се залага цената на електричната енергија за домаќинствата да остане непроменета и во претстојниот регулаторен период. Тој рече дека енергетската стабилност е приоритет, и покрај, како што оцени, рекордно високите цени на енергенсите на светските берзи.Одговарајќи на новинарско прашање за цената што ЕСМ следниот месец ќе ѝ ја понуди на Регулаторната комисија за енергетика, Мицкоски посочи дека Владата се бори да нема зголемување на

Македонија | пред 3 седмици

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче од Брвеница му одговори на Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека партијата нема да биде уништена, реагирајќи на неговата изјава дека СДСМ треба да се уништи. Филипче оцени дека нападите, навредите и негативната кампања против опозициската партија нема да ја сменат нејзината политичка улога.„Мицкоски, нека не те лаже умот. Ние сме како пиреј. СДСМ нема да ја уништите!“, порача Филипче од Брвеница.Тој потсети дека пред неколку дена Мицкоски бил во Милетино, во Општи

Македонија | пред 3 седмици

media-library4p59q24iphm42qndDtr

(Видео) До крајот на годината нема опасност од недостиг на дизел, тврди Мицкоски

Можноста за повторно активирање на рафинеријата „Окта“ се разгледува во услови на светските предизвици со снабдувањето со дизел, а премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро да добие информација дали и во кој рок производството би можело да продолжи.Мицкоски информираше дека е одржан состанок со најголемите трговци со нафтени деривати и горива, меѓу кои и со раководството на „Окта“, на кој било побарано да се преиспита можноста за рестартирање на рафинеријата.Како што објасни премиерот, со огл

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryjlnhqfvr8emh4laPzYk

(Видео) Мицкоски за прославата кај Груби: Мислат дека му помагаат, а всушност му отежнуваат

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека прославата по укинувањето на куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби не му оди во прилог, туку дополнително му ја отежнува положбата. Одговарајќи на новинарско прашање за славењето што се одржа по промената на мерките за обезбедување на неговото присуство, Мицкоски посочи дека Груби не е целосно слободен, бидејќи и понатаму има ограничувања.„Не би рекол дека е слободен како што јас сум слободен, бидејќи јас ја имам мојата патна исправа и мож

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym2h5ovmc3ocv2NaFw2h

Мицкоски најави нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места

Нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, која треба да донесе 2.000 нови работни места и производство на делови за автомобилскиот гигант „Ауди“, најави премиерот Христијан Мицкоски.Тој истакна дека станува збор за значаен чекор за македонската економија, но и за граѓаните, бидејќи секое ново работно место носи можност за подобра иднина, поголема сигурност за семејствата и подобар животен стандард.Мицкоски порача дека привлекувањето инвестиции, отворањето работни места и ост

Македонија | пред 3 седмици

Untitled-1

(Видео) Мицкоски со одговор до Апасиев: „Нема да се спуштам на вашето ниво“

Премиерот Христијан Мицкоски на Инстаграм објави видео од денешната седница на Собранието, каде тој упатува порака до лидерот на Левица, Димитар Апасиев, повикувајќи го јавно, на прес-конференција, да ги повтори тврдењата што ги изнесува од собраниската говорница.„Господине Апасиев, најчесно, најпријателски и најдругарски ве повикувам да излезете на прес-конференција и таму да го повторите сето она што го зборувате од собраниската говорница. Немојте да лажете, инсинуирате и измислувате. Во ВМРО-

Македонија | пред 3 седмици

Untitled-1

(Видео) Мицкоски до Апасиев: Ако имате докази, изнесете ги и преземете одговорност за кажаното

Премиерот Христијан Мицкоски го повика пратеникот Димитар Апасиев јавно да ги повтори и да ги докаже тврдењата што ги изнел од собраниската говорница, оценувајќи дека за секое јавно обвинение треба да постојат факти и докази.Во реакцијата, Мицкоски го повика Апасиев да одржи прес-конференција и надвор од Собранието да ги повтори своите тврдења, со што, како што наведува, ќе има можност да ги докаже и пред надлежните институции.Премиерот потврди дека Јордан Јанев му е баџанак, нагласувајќи дека р

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfp7g4asu0kqa2fYIwyp

Мицкоски до Апасиев: Туѓите бизниси ти сметаат, а скапите хотели и шопингот во Солун не

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики кон претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев на денешната собраниска седница, обвинувајќи го дека изнесува лаги и клевети од собраниската говорница и повикувајќи го истите тврдења да ги повтори јавно пред медиумите, за потоа да се соочат на суд.Мицкоски реагираше и на наводите поврзани со неговиот баџанак Јорданчо Јанев, нагласувајќи дека неговата сопруга е сестра на сопругата на Јанев. Тој ги отфрли тврдењата дека Јанев добил бугарски п

Македонија | пред 3 седмици

media-librarymnrj9di8eko819oKE4O

Мицкоски го означи почетокот на изградбата на автопатот Букојчани – Кичево

Почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево беше означен денеска на настан на кој присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски.Тој оцени дека станува збор за значаен инфраструктурен проект кој ќе придонесе за подобро поврзување на Охрид со Скопје и за развој на патната инфраструктура во Македонија.Мицкоски посочи дека стратешка цел на Владата е Македонија да стане регионална раскрсница преку развој на четири клучни столба: патната, железничката, енергетската и гасната инфрас

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryt5sij8j2pd818O5D7GQ

Почнува изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, Мицкоски најавува целосно поврзување на Скопје и Охрид

Почнува изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, со што, според премиерот Христијан Мицкоски, се прави уште еден чекор кон целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид. Тој најави дека проектот е дел од пошироките инфраструктурни инвестиции што треба да овозможат побрз и побезбеден транспорт, како и нови можности за економски развој.„Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме, да поврзуваме и да создаваме нови можности“, објави Мицкоски на социјалните мрежи.Според премиер

Македонија | пред 4 седмици

media-library8raoe11nd5da8h1KGyz

(Видео) Мицкоски до Бугарија: „Во Европа ќе влеземе со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма“

„Вистинската европска иднина мора да биде иднина во која ќе влеземе со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма“, порача премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за односите со Бугарија и условите за продолжување на европската интеграција на Македонија. Тој нагласи дека државата сака соработка со источниот сосед, но нема да се откаже од сопствениот идентитет, јазик и достоинство.Во обраќањето по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, Мицкоски истакна дека Македонија не бара посеб

Македонија | пред 4 седмици

media-librarybq9mkreq5ol2bY3Le9I

(Видео) „Би дал сè од себе да ја решам секоја мака на народот“, вели Мицкоски кој додава дека можат и повеќе

„Секој ден легнувам и станувам со прашањето дали успеваме и дали можеме подобро“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за предизвиците со кои се соочува Владата, состојбата во државата и очекувањата на граѓаните, за време на чествувањето на 11 Октомври.Мицкоски призна дека е тешко да се одговори на сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и дека секојдневно размислува дали Владата прави доволно.„Точно е дека е многу тешко, иако гласно не зборувам за тоа што го сочувствувам со секоја

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryc5497pe2pcn26nZCzkY

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на предците кои се бореле за слободата на Македонија.Во објавата, Мицкоски истакнува дека борците од пред 85 години немале гаранција за победа ниту сигурност дека ќе се вратат во своите домови, но верувале дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.„Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали

Македонија | пред 4 седмици

media-library6oclipb5adq35pyPbtQ

Мицкоски: Кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци

Кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци, односно до април, најави премиерот Христијан Мицкоски.Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има продолжување на мерките по истекот на актуелните рокови, Мицкоски посочи дека Владата планира да ја продолжи кризната состојба, и покрај најавите за можна деескалација на состојбата.„Кризната состојба ќе ја продолжиме уште шест месеци, мислам до април. Дај Боже да дојде до деескалација и смирување на состојбата, за да можеме да ј

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски за обвинувањата за задолжувањето: Јавниот долг е зголемен за помалку од 1,4 милијарди евра, а БДП за 4 милијарди

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на опозицијата за задолжувањето на државата, тврдејќи дека во периодот на актуелната влада јавниот и државниот долг се зголемиле за помалку од 1,4 милијарди евра, додека бруто-домашниот производ пораснал за четири милијарди евра.Одговарајќи на прашање за обвинувањата на опозицијата дека долгот за две години достигнал четири милијарди евра и за можноста за трет ребаланс на буџетот, Мицкоски рече дека бројките, според него, ја покажуваат разликата м

Македонија | пред 4 седмици

media-librarykbianta8f6embZDgITt

Мицкоски: Кога ќе го средиме Калето, ќе се наплаќа влез

За посета на Скопското Кале ќе се наплаќаат влезници откако локалитетот ќе биде целосно уреден и ставен во функција, најави премиерот Христијан Мицкоски.Тој посочи дека целта на Владата е Калето да го добие изгледот и функционалноста што ги заслужува, со поддршка од надлежните институции, и да прерасне во една од значајните туристички атракции во главниот град.„Нормално е дека ќе се наплаќа. Не сега, туку кога ќе биде пуштено, кога ќе биде средено, како што е секаде во светот“, одговори Мицкоски

Скопје | пред 4 седмици

media-library5b7g1q31lmocdAZsh1g

Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните, од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт.„Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија

Македонија | пред 1 месец

media-library9b82jub8k7lu2rGu4UU

Мицкоски: Ние победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме

„Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме Брвеница и ја сакаме Македонија, се обединиме, како што ова можам вечерва пред мене да го видам, ова обединување, оваа недвосмислена поддршка, тогаш нема невозможна работа“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава.Тој истакна дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ја има неговата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на предвре

Македонија | пред 1 месец

media-library0obdga5213ukdpYLqHT

„Очекуваме инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци да биде меѓу 1,5 и 2 отсто на годишно ниво“, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци да биде меѓу 1,5 и 2 отсто на годишно ниво. Тој посочи дека конечните податоци за вкупната инфлација треба да ги објави Државниот завод за статистика.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека очекува да продолжи трендот Македонија да биде меѓу земјите со најниска годишна стапка на инфлација во регионот.Тој посочи дека во јули годишната стапка на инфлација изнесувала 2,3 отсто, додека просекот во Ев

Македонија | пред 1 месец

media-library9b82jub8k7lu2rGu4UU

Мицкоски очекува раст на бруто-домашниот производ од 3,5 до 4 отсто

Премиерот Христијан Мицкоски очекува македонската економија годинава да оствари раст меѓу 3,5 и 4 отсто, при што како основа за ваквата проценка го посочи остварениот раст во првото полугодие.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека во разговорите со претставници на Светска банка охрабрува фактот што Македонија, според него, е единствената земја во регионот кај која проценката за економскиот раст е коригирана во позитивна насока.Тој посочи дека годината започнала со проценка за раст

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања