Промени тема
Контакт

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryc5497pe2pcn26nZCzkY

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на предците кои се бореле за слободата на Македонија.

Во објавата, Мицкоски истакнува дека борците од пред 85 години немале гаранција за победа ниту сигурност дека ќе се вратат во своите домови, но верувале дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.

— реклама —

„Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро“, наведува премиерот.

— реклама —

Тој посочува дека предците го направиле она што во тоа време изгледало невозможно – ја отвориле вратата на слободата, а денешните генерации имаат должност таа слобода да ја зачуваат и да создаваат подобри услови за иднината.

„Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено“, порачува Мицкоски.

— реклама —

Во честитката, премиерот повикува 11 Октомври да не биде само ден на сеќавање, туку и поттик за нова одговорност кон слободата и иднината на државата.

„Затоа што слободата не е завршена приказна. Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“, истакнува тој.

Мицкоски ја завршува пораката со честитка по повод празникот: „Честит 11 Октомври! Да е вечна Македонија!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library81grpsreoi0d08qJ268

Левица со комеморативен настан во Прилеп одбележа 85 години од антифашистичкото востание во Македонија

Македонија | пред 34 минути

— реклама —
media-library9hjscpok5j2k9aNGJ6A

Левица: Честит 11 октомври - 85 години од востанието што го кренаа комунистите!

Македонија | пред 35 минути

media-libraryjfqruma9sjia1aAk49y

Филипче за 11 Октомври: Предците се изборија за држава, наша должност е младите да останат дома

Македонија | пред 1 час

media-library68pgp5aj1s0u6nYnAGi

Со положување цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово ќе се одбележи 11 Октомври: Делегации ќе им оддадат почит на борците

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања