Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски со честитка: 11 Октомври е аманет да ја чуваме татковината и да продолжиме да ја градиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Македонија
media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, истакнувајќи ја храброста и жртвата на борците кои се кренале против фашизмот за слободна Македонија.

— реклама —

Во објавата на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски порача дека 11 Октомври е датум во кој се собрани гордоста на македонскиот народ, споменот за жртвите и обврската да се зачува слободата.

„Единаесетти октомври е денот кога со гордост се поклонуваме пред храброста на оние што се кренаа против фашизмот, решени да се изборат за слободна Македонија“, наведува градоначалникот.

— реклама —

Тој посочува дека предците верувале во слободата и во правото на македонскиот народ да има своја држава, а нивната жртва, како што истакнува, претставува аманет за идните генерации да ја чуваат татковината и да продолжат да ја градат.

— реклама —

Ѓорѓиевски нагласува дека почитта кон борците се покажува и преку одговорноста во денешно време, со чесни дела, храбри одлуки и заложби за подобар живот на граѓаните.

Во честитката тој повикува на сплотеност, решителност и верба во заедничките можности, нагласувајќи дека на идните поколенија треба да им се пренесат вистината за борбата и жртвата, но и да им се остави држава во која ќе живеат достоинствено и гордо.

„Нека им е вечна слава на сите паднати херои во народното востание и борбата за татковината! Нека ни е честит и вековит 11 Октомври! Вечна да ни е Република Македонија!“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybq9mkreq5ol2bY3Le9I

(Видео) „Би дал сè од себе да ја решам секоја мака на народот“, вели Мицкоски кој додава дека можат и повеќе

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library81grpsreoi0d08qJ268

Левица со комеморативен настан во Прилеп одбележа 85 години од антифашистичкото востание во Македонија

Македонија | пред 15 часа

media-library9hjscpok5j2k9aNGJ6A

Левица: Честит 11 октомври - 85 години од востанието што го кренаа комунистите!

Македонија | пред 15 часа

media-libraryjfqruma9sjia1aAk49y

Филипче за 11 Октомври: Предците се изборија за држава, наша должност е младите да останат дома

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања