Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Кога ќе го средиме Калето, ќе се наплаќа влез

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-librarykbianta8f6embZDgITt

За посета на Скопското Кале ќе се наплаќаат влезници откако локалитетот ќе биде целосно уреден и ставен во функција, најави премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека целта на Владата е Калето да го добие изгледот и функционалноста што ги заслужува, со поддршка од надлежните институции, и да прерасне во една од значајните туристички атракции во главниот град.

„Нормално е дека ќе се наплаќа. Не сега, туку кога ќе биде пуштено, кога ќе биде средено, како што е секаде во светот“, одговори Мицкоски на прашањето дали се планира наплата на влезници.

— реклама —

Премиерот најави дека активностите за уредување треба да започнат оваа година, а доколку сè се одвива според планот, Калето би требало да го добие посакуваниот лик следната година.

— реклама —

Тој оцени дека досегашното уредување, вклучително и хортикултурното средување, не е доволно и дека локалитетот има многу поголем туристички потенцијал.

Мицкоски истакна дека Владата ќе им обезбеди финансиска и логистичка поддршка на надлежните институции за Скопското Кале да стане позначајна туристичка дестинација и да биде дел од програмата на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

Kale

По години чување во несоодветни услови, над 5.000 артефакти од Кале ќе добијат музејски простор

Завршија работите за адаптација и санација на Музејот на праисторијата и Музејот на османлискиот период на Скопското Кале, а над 5.000 археолошки артефакти, кои со години се чувале во несоодветни услови, се очекува да бидат изложени и достапни за јавноста.Директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, информираше дека археолошките истражувања на локалитетот, започнати во 2007 година, резултирале со откривање на повеќе од 5.000 предмети. Според неа, во периодот од

Скопје | пред 2 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 17 часа

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Македонија | пред 18 часа

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања