Мицкоски: Кога ќе го средиме Калето, ќе се наплаќа влез
За посета на Скопското Кале ќе се наплаќаат влезници откако локалитетот ќе биде целосно уреден и ставен во функција, најави премиерот Христијан Мицкоски.Тој посочи дека целта на Владата е Калето да го добие изгледот и функционалноста што ги заслужува, со поддршка од надлежните институции, и да прерасне во една од значајните туристички атракции во главниот град.„Нормално е дека ќе се наплаќа. Не сега, туку кога ќе биде пуштено, кога ќе биде средено, како што е секаде во светот“, одговори Мицкоски
Скопје | пред 2 седмици