Промени тема
Контакт

Се реконструира Калето: Ќе се вложат 130.000 евра за оживување на запуштените музеи и уредување на просторот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Kale

Скопското Кале конечно ќе добие нов лик. Со средства во износ од 8 милиони денари (околу 130.000 евра) обезбедени преку ребалансот на Буџетот, ќе се отпочне со санација на просторот и реконструкција на двата досега изградени, но нефункционални музејски објекти, информираше денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

На прес-конференција одржана на самата локација, присуствуваа и директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, како и неколку други скопски градоначалници.

— реклама —

„Калето повеќе од десет години се наоѓа во запоставена и уништена состојба. Имавме неколку обиди да стапиме во контакт со Град Скопје и со ЈП ‘Паркови и зеленило’ со цел да се приклучат на расчистувањето, но не добивме никаков одговор. Затоа се обративме до ЗЕЛС и веќе се преземени активности за расчистување и озеленување“, изјави Љутков.

Изградбата на трите музеи – за праисториски, османлиски и средновековен период – започна уште во 2011 година, но објектите досега не се ставени во функција, ниту пак просторот околу нив е уреден.

— реклама —

Според Честоева, која и во октомври минатата година укажа на оваа состојба, двата комплетно изградени музеи – наменети за археолошки поставки од праисторијата и отоманскиот период – се целосно запуштени, со видливи оштетувања. Третиот музеј, предвиден за средновековниот период, кој никогаш не бил довршен, е целосно обраснат со вегетација.

— реклама —

Министерот Љутков посочи дека објектите се во исклучително лоша состојба и ќе биде неопходна целосна замена на механизацијата и системите за климатизација. Ќе биде распишан тендер за јавна набавка за нивна санација, а планот е објектите да бидат функционални до 2026 година. Целта, рече тој, е Калето да биде една од клучните локации кога Скопје ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата во 2028 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања