Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Војник спречи поголема катастрофа кај Кале – со повреди извлекувал возила од пожар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarybpehu9ta3a9j6yyn66R

Припадник на Армијата на Република Македонија со брза и пожртвувана реакција спречи поголема материјална штета при пожар што избувнал кај стариот полигон под Кале во Скопје.

— реклама —

„На поранешниот полигон за обука за моторни возила (наспроти Националната Арена „Тодор Проевски“), професионалниот војник Христијан Божиновски, при заминување од работното место, забележал дека неколку паркирани возила се зафатени од пламен.

Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот. Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружале помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата.

— реклама —

Поради големината на пожарот, а проценувајќи дека истиот не може да се угасне, започнале со дислокација на неопожарените возила, со што успеале да го спречат ширењето на огнот.

— реклама —

При интервенцијата, професионалниот војник Христијан Божиновски се здобил со полесни повреди на едната рака, за што му е пружена соодветна медицинска помош.

Со ова дејствување, припадниците на Армијата уште еднаш го покажаа високиот професионален интегритет, како и пожртвуваноста на секој припадник без разлика дали се во униформа или не, секогаш да бидат во служба на државата и граѓаните“, велат од Армијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Kale

По години чување во несоодветни услови, над 5.000 артефакти од Кале ќе добијат музејски простор

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryo3hkers1aahe7ZqL8jt

Ѓорѓиевски ќе ги среди скривниците, но откако ќе ја преземе надлежноста над Калето

Скопје | пред 8 месеци

media-librarycoqog72st8bf6PG6kFU

(Видео) Пожарот во објектот на Кале е под контрола, МВР влегува да провери како избувнал

Настани | пред 10 месеци

media-libraryepmldkncs0qfextxZiQ

(Видео) Гори објект на скопското Кале

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања