Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: По речиси две и пол години стигнавме до точка нула, сега очекувам раст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 48 минути -

Македонија
media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што премиерот Христијан Мицкоски го оцени како охрабрувачки показател за економската активност.

— реклама —

Тој посочи дека позитивните резултати се особено значајни во услови на актуелните економски состојби во светот и Европската Унија, која е најголем трговски партнер на земјава. Растот на индустрискиот промет, според Мицкоски, се надоврзува и на претходно забележаното зголемување на извозот.

— реклама —

Премиерот оцени дека економските показатели не ги потврдуваат очекувањата на опозицијата за негативни резултати. Според него, по речиси две и пол години консолидација, земјата стигнала до „точка нула“, од која очекува натамошен раст и поинтензивен развој.

— реклама —

„Сите индикатори укажуваат на тоа што ние уште на самиот почеток го велевме, дека треба трпение, дека мора полека да ги консолидираме работите и еве конечно, по речиси две и пол години, дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус“, изјави Мицкоски, додавајќи дека идниот развој ќе зависи и од состојбите во светот.

— реклама —

Ова го истакна при увидот во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик“, во Општина Кисела Вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfpabdvbejpko3qcYIBV

Мицкоски најави лидерска средба во декември: Владата е најстабилна во регионот

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

electricity-meter-96863_1280

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, ќе се спречува и големо поскапување на парното, најави Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања