Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Очекуваме инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци да биде меѓу 1,5 и 2 отсто на годишно ниво“, рече Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library0obdga5213ukdpYLqHT

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци да биде меѓу 1,5 и 2 отсто на годишно ниво. Тој посочи дека конечните податоци за вкупната инфлација треба да ги објави Државниот завод за статистика.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека очекува да продолжи трендот Македонија да биде меѓу земјите со најниска годишна стапка на инфлација во регионот.

— реклама —

Тој посочи дека во јули годишната стапка на инфлација изнесувала 2,3 отсто, додека просекот во Европската Унија и еврозоната бил 2,9 отсто. Во август, инфлацијата во Македонија била 2,6 отсто, во услови кога просекот во ЕУ и еврозоната бил 3,2 отсто.

— реклама —

Мицкоски оцени дека податоците за третиот квартал покажуваат дека состојбата е под контрола и дека Македонија, според споредбата што ја направи, е на второ место во регионот според нивото на инфлација, анализирајќи ги земјите од Словенија до Турција.

За септември, тој се повика на проценките на Европската Унија, според кои инфлацијата во еврозоната би изнесувала 3,8 отсто.

— реклама —

Во однос на цените на храната и безалкохолните пијалаци, Мицкоски рече дека врз основа на проценките и анализите на Државниот пазарен инспекторат се очекува годишната стапка да биде меѓу 1,5 и 2 отсто.

„Што ќе претставува најниска во регионот и една од најниските во Европа“, рече Мицкоски.

За конечната вкупна стапка на инфлација за септември, тој посочи дека треба да се почека објавувањето на официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

„Целта е да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynf34ikpmoc9gcUHJXE8

Мицкоски му се јавил на Срдановиќ по победата во Србија: „Му честитав и му посакав успех“

Македонија | пред 2 дена

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија | пред 6 дена

media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Мицкоски: Без промовирање на семејните вредности, македонската економија ќе биде прва на удар

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања