Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски очекува раст на бруто-домашниот производ од 3,5 до 4 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library9b82jub8k7lu2rGu4UU

Премиерот Христијан Мицкоски очекува македонската економија годинава да оствари раст меѓу 3,5 и 4 отсто, при што како основа за ваквата проценка го посочи остварениот раст во првото полугодие.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека во разговорите со претставници на Светска банка охрабрува фактот што Македонија, според него, е единствената земја во регионот кај која проценката за економскиот раст е коригирана во позитивна насока.

Тој посочи дека годината започнала со проценка за раст на бруто-домашниот производ од 2,6 отсто, која потоа била зголемена на 2,9 отсто, а вчера била коригирана на 3,2 отсто.

— реклама —

„Јас сум убеден дека оваа година растот на бруто-домашниот производ ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто“, рече Мицкоски.

— реклама —

Како аргумент за своето очекување тој го посочи растот од 3,7 отсто во првото полугодие, остварен по раст од 3,1 отсто во првиот квартал и 4,3 отсто во вториот квартал.

Мицкоски очекува Македонија да има и ниска инфлација, односно, како што рече, да биде меѓу земјите со најниска инфлација во регионот и Европа.

Во однос на економскиот раст, тој очекува Македонија да се најде меѓу првите пет земји во регионот и Европа, иако не очекува да има највисок раст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

„Целта е да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynf34ikpmoc9gcUHJXE8

Мицкоски му се јавил на Срдановиќ по победата во Србија: „Му честитав и му посакав успех“

Македонија | пред 2 дена

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија | пред 6 дена

media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Мицкоски: Без промовирање на семејните вредности, македонската економија ќе биде прва на удар

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања