„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Власта со жестока реакција кон Филипче: Помалку графикони, повеќе срам, ти си симбол на луксузот, не на економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
mickoski-filipce

ВМРО-ДПМНЕ денеска жестоко реагираше на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во кои тој зборуваше за состојбата со инвестициите и економијата. Од владејачката партија порачаа дека токму Филипче е „последниот човек кој може да зборува за економија“, обвинувајќи го за луксуз и хедонизам во време кога граѓаните се соочувале со сиромаштија.

— реклама —

„Најголемата инвестиција на СДС ја гледаме во јахтите и кулите во Дубаи, плантажите низ Африка и милионските приватни бизниси на поединци, кои се резултат од криминал и корупција,“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека во времето на СДСМ и ДУИ инвеститорите „не доаѓале, туку бегале“ од земјата, која, како што велат, била заробена во корупција и рекет. „Единствениот бум беше во тендерите и раст на лични сметки на привилегирана каста,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

За да ги демантираат критиките на Филипче, од владејачката партија наведуваат два аргументи. Прво, дека според Извештајот „Гринфилд ФДИ Перформанс Индекс 2025“, Македонија го зазела шестото место во светот по привлечени странски инвестиции во однос на БДП. Второ, дека во 2024 година бил остварен рекорден прилив од над 1,25 милијарди евра директни странски инвестиции.

„Филипче и СДС наместо нови фабрики им донесоа на граѓаните нови долгови, затворени компании и сиромаштија. А денес, кога државата ја враќа довербата, тој од лежалка држи лекции. Помалку графикони, повеќе срам,“ се додава во реакцијата.

Партијата порача дека СДСМ продолжува со „истиот стил на ароганција од времето кога ветуваа живот, а донесоа беда и лоповлук“ и дека граѓаните добро паметат кој ја потопил економијата и кој денес ја крева од пепел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања