Филипче и Заев да се одважат и да кажат чива е јахтата со која се луксузираат на Егејското море, бара ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
zaev-filipce-1

„Луксузирањето, скапите јахти, скапите гоштевања и чаламот е секојдневието на Филипче и Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

— реклама —

Додека од една страна СДС преку прес-конференции и соопштенија вели дека во Македонија тешко се живее и стандардот на граѓаните опаѓал, гледаме дека Филипче го докажува сосема спротивното. Со лекарска плата тој заедно со неговиот ментор Заев пловат на Егејското море, најверојатно со сидрото кое ги влече.

Секако, не е проблем некој да оди на одмор, туку проблемот е во лицемерието на Филипче и СДС, коишто велат дека во Македонија тешко се живее и едвај се врзува крај со крај, а од друга страна го гледаме вистинското лице на Филипче кој ужива на скапи јахти, во скапи ресторани и скапи апартмани.

— реклама —

Исто така, Филипче и Заев, треба да одговорат, дали јахтата во којашто се возеа, е изнајмена или пак е на Филипче или Заев? Или можеби заеднички ја купиле?

Доколку испадне дека јахтата е во сопственост на еден од нив, се поставува логичното прашање, како се купува јахта со лекарска, пратеничка или пак премиерска плата?

Филипче и Заев им должат одговор на граѓаните. 7 години ја распродаваа и уништуваа државата, а сега ги гледаме како лицемерно и без срам се луксузираат на скапите јахти и скапите ресторани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања