Народот заслужува да знае која е целта на Филипче со разгорувањето тензии, предизвикани од заканите на Костадинов за ликвидација на новинар, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
latas-kostadinov

„Веќе трет ден изминува, а СДС и Венко Филипче уште громогласно молчат“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Ги нема збор да кажат, да го осудат или да се дистанцираат од јавните закани по живот на новинар од страна на нивниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.

Нивниот молк е доказ дека зад заканите и говорот на омраза на Костадинов кон новинарот, стојат токму Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев.

— реклама —

До некаде, молкот на Филипче и не изненадува толку. Затоа што, тоа Костадинов се охрабрува и зема сила јавно да се заканува со ликвидација на новинар, е и директно мотивирано токму од Венко Филипче.

Затоа што тој креира и шири атмосфера на паника, страв и хаос, со цел дестабилизација, како што беше и примерот со неговиот советник во Кочани.

Тоа што СДС и Филипче не се оградија од Костадинов, говори дека со таквиот однос сакаат да мотивираат и други да го направат истото.

На очајниот Венко Филипче не му останува друг начин да го привлече вниманието на јавноста, па ги пушта своите пулени и послушници, како Костадинов, да сеат страв и да разгоруваат тензии.

Ваквото примитивно однесување и јавни закани од избрани функционери, не смее да поминат неказнето.

Затоа, очекуваме и го повикување Јавното обвинителство да го процесуира случајот и да отвори постапка против струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов.

Од друга страна, пак, се ближат избори и народот заслужува да знае кој е Венко Филипче, затоа бараме јавно да појасни што точно застапува и која му целта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања