Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Христијан Мицкоски, ја потврди намерата на партијата да настапи со сопствен кандидат на локалните избори во Кичево.
„Да, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе кандидираат градоначалник на Кичево“, рече Мицкоски, додавајќи дека внимателно ги следи дискусиите околу таа тема и, како што рече, „точно препознавам кој е инспираторот“.
Тој посочи дека иницијативата за отворање на ова прашање доаѓа од опозициски кругови:
„Тоа доаѓа токму од онаа опозиција која по 22 години не е во Владата. Тие хушкаат хушкачи“, изјави Мицкоски.
Изјавата доаѓа во пресрет на изборната трка за една од најетнички чувствителните општини во земјава, каде досега ВМРО-ДПМНЕ ретко настапувала со сопствен кандидат.